Првото место меѓу најбогатите луѓе во светот веќе три години го држи ист човек. И во 2016-та година најбогат и натаму е основачот на Microsoft, Бил Гејтс, објави Forbes.
Гејтс со 75 милијарди пак е на врвот, но во споредба со лани, неговото богатство се намалило за 4,2 милијарди.
На второто место е основачот на шпанскиот трговски синџир Zara, Аманцио Ортега, со 67 милијарди, во однос на ланските 64,5. Ворен Бафет е трет со 60,8 милијарди, што е за 11,9 милијарди долари помалку од 2015.
Мексиканецот Карлос Слим е на четвртото, со пад од второто место, поради загуба на 27,1 милијарди долари, на сегашните 50 милијарди.
Скок направил Марк Закерберг, од шеснаесеттото место во 2015, на петтото сега, со раст од 11,2 милијарди долари, на сегашните 44,6 милиони долари. Џеф Безоз од Amazon е шести со нето богатство од 45,2 милијарди.
Годинава на листата на Forbes има 198 нови имиња, а отпаднале 221 од ланските. Најмногу од новите милијардери, 70, доаѓаат од Кина.
Извор: www.faktor.mk