Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2015 година изнесува
168 851, а бројот на ноќевањата изнесува 722 624.
Бројот на туристите во август 2015 година, во однос на август 2014 година, е зголемен за 16.1%, а бројот на
ноќевањата е зголемен за 14.7%.
Бројот на домашните туристи во август 2015 година, во однос на август 2014 година, е зголемен за 13.0%, а бројот
на странските туристи е зголемен за 20.8%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2015 година, во однос на август 2014 година, е зголемен за
11.7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 25.0%.
Во периодот јануари – август 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите
е зголемен за 10.1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.2%, а кај странските има зголемување за
14.2%.
Во периодот јануари – август 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата
е зголемен за 8.3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.4%, а кај странските има зголемување за
11.7%.
Публицитет.мк