• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, август 26, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

Овој петок во галеријата „Робевци“ изложба на Христина Зафировска од Скопје

септември 12, 2017
in Во светот на уметноста

Христиа Зафировска во Охрид ќе се претстави со 15 дела работени на хартија во комбинирана техника  и озаглавени под името „Никулец“. Отворањето на изложбата е закажано за петок во 20 часот. 

 Зафировска е  родена во Скопје. Завршува средно уметничко училиште на одсек применето сликарство. Дипломира на Факултетот за ликовна уметности при Универзитетот

„Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на смер-сликарство со графички дизајн. Моментално е магистрант на Факултетот за Дизајн и Мултимедија во Скопје-насока графички дизајн.

2009 година станува член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Таа е една од основачите на уметничката група и уметничкиот простор „Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т.“ во Скопје, основано 2009 година; исто така е една од основачите и член на уметничката група „МОМИ“ која почнува од 2012 година со активна реализација на проекти низ земјава и Балканот;

Христина Зафировска работи во полето на сликарството, графичкиот дизајн, инсталацијата, цртежот, фотографијата и видеото;

Активно учествува на локални и регионални проекти и погранични соработки од областа на културата.  Дел е од многубројни фестивали, работилници, симпозиуми, групни претставувања на Балканот, во Европа и пошироко;

 

 21742282 10155000854988435 1174400273 o

Самостојни изложби
2017- „Никулец“ Музејска куќа „Робевци” Охрид, Р. Македонија

2016–“NEW URBAN MAN” НУЦК „Марко Цепенков” Прилеп, Р. Македонија

2015–“NEW URBAN MAN-WOMAN” НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево, Р. Македонија

2014 –“WO-MAN”
– Културно информативен центар (КИЦ) Скопје, Р. Македонија
– Центар за култура „Марко Цепенков” Прилеп, Р. Македонија

2012 – „Трка на суети” Прима Центар Берлин, Германија

2012/2011 – “Mainstream”
– Национална галерија на Македонија-Објект Чифте Амам, Скопје, Р. Македонија
– Центар за култура „Трајко Прокопиев” Куманово, Р. Македонија

– Центар за култура „Марко Цепенков” Прилеп, Р. Македонија

– Центар за култура „Антон Панов” Струмица, Р. Македонија

2010 – „Визуализација на моментот”

– „Отворено графичко студио“ Музеј на град Скопје, Р. Македонија

– Дом на култура „Иван Мазов Климе” Кавадарци, Р. Македонија

– Галерија „Безистен” Штип, Р. Македонија

– Музејска куќа „Робевци” Охрид, Р. Македонија

2010 – „Три исти спротивности”
Галерија „Владимир Димитров-Мајстора” Ќустендил, Бугарија

2009 –„Creation II”

– „Хотел Аполониа“ Гевгелија, Р. Македонија

– Центар за култура „Марко Цепенков” Прилеп, Р. Македонија

2007 – „Creation”
Младински културен центар (МКЦ) Скопје, Р. Македонија

„МОМИ“ група од 7 уметници

2015 – „Како снежна топка надолу по планината…“ Галерија ФЛУ-Скопје, Р. Македонија

2014 – “Resist! What?” МОМИ „Галерија Карас“ Загреб, Хрватска

2014 – „Да се истрае во кругот“ МОМИ „Културно Информативен Центар“ (КИЦ), Скопје, Р. Македонија
2014 – „МАЛИ НЕШТА (со големи букви)” МОМИ „Автономен Културно Социјален Центар“ Скопје, Р. Македонија
2013 – „Множество, Божество, Рождество” МОМИ „Културно-информативен центар на Р. Македонија во Софија“ Бугарија
– „Галерија Подрум“ Културен центар Белград, Србија
2013 – „Полукружење“ МОМИ-Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, Р. Македонија
2013 – „МОМИ II” Дом на култура „Кочо Рацин” Галерија КО-РА Скопје, Р. Македонија
2013 – „TABOO“ МОМИ-Интернационален фестивал за современи уметности „NUS“ Сплит, Хрватска
2012 – „Бакнеж во уста” МОМИ Дом на култура „Иван Мазов-Климе” Кавадарци, Р. Македонија
2012 – „Good Vibes” МОМИ Мултимедијален уметнички фестивал „БОШ“ Гевгелија, Р. Македонија
2012 – „МОМИ” Кинотека на Македонија-Скопје, Р. Македонија

 

21744791 10155000851903435 637805976 o

Учество на регионални проекти:

2013 – „Различноста, како начин на градење капацитети во културните индустрии“

Подгорица, Црна Гора

Фестивали:

2010 – “CopyBrains” – BIT FEST “Битола отворен град 2010″,

интернационален уметнички фестивал Битола, Македонија

Кураторски проект:

2013 – „Скопски Урбани Приказни“ на тема „Будење на солидарноста“во соработка на ДЛУМ и Скопско лето, уметнички проект од јавен карактер, (селектор и координатор на проектот)

Скопје, Р. Македонија

Перформанси:

2009 – “Let’s Fuck Them With Purple”, културен центар Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т.”,
Скопје, Македонија

Дел од проекти и работно искуство:
– работи како freelance designer

2016/2015-дел од тимот за реставрација и конзервација на црквата
Св. „Богородица Перивлепта“ Охрид
2016/2015/2014/2013-(односи со јавност, организација и координација на проекти) како дел од тимот на Друштвото на ликовни уметници на Македонија

2007/2008-соработка со (МОБ) Македонска опера и балет, изработка на платна за сценографија на балетската претстава „Рајмонда“
2006/2007-соработка со британскиот конзулат, изработка на сценографија за филм
2003-државен проект „Пелинце“дел од тимот за изработка на фасадниот мозаик

Саеми за уметност, групни изложби, уметнички работилници и симпозиуми:

Дел е од над седумдесет групни изложби и уметнички саеми, над дваесет симпозиуми и уметнички работилници во земјата и во странство, како што се: Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Косово, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Романија, Чешка, Италија, Австрија, Германија, Данска, Кина и Њујорк.

Публицитет.мк 

Посетеност: 119
Share
Previous Post

Утре во Вевчани промоција на „Резби во времето“ од Драган Попоски – Стојнин

Next Post

Истражувачка посета на професори и студенти од Италија на Преспанскиот регион

Next Post

Истражувачка посета на професори и студенти од Италија на Преспанскиот регион

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 119

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk