Светската метеоролошка организација соопшти дека озонската дупка над Антартикот од година во година се менува и дека во 2015 година поради лошите временски услови се прошрила во неочекувана рекордна мерка.
Нагласено е дека озонската дупка понекогаш значително се намалува но на пример на втори октомври годинава била со големина од 28,2 милиони квадратни километри.
Научникот Геир Братен од Светската метеоролошка агенција , изјавил дека озонската дупка продолжува да претставува сериозен проблем со кој треба да се биде посебно внимателен.
Озонскиот слој е дел од стратосферата на висина од 12 до 50 километри.
Причинте за појава на озонските дупки се спорни. Некои научници тврдат дека тоа се природни појави , додека други и натаму тврдат дека човекот и натаму е најголемиот виновник.
Озонската дупка е географски ограничена појава опишана како намалување на озонскиот слој во атмосферата.
Прв пат озонската дупка е откриена во 1970 година на јужната хемисфера.
Публицитет.мк