• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 13, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Падна првата клапа од омажот посветен на Живко Чинго

мај 31, 2016
in Тикер

Пред бистата на Живко Чинго,во МНТ денеска  падна првата клапа од документарниот филм за животот и делото на овој голем македонски писател насловен „Мајсторот Чинго“. Филмот е во режија на Љубиша Георгиевски, продуцент е Петар Ѓуровски, сценариото е на Сашо Миленковски, директор на фотографија е Горан Наумовски, а стручен консултант, историчарката Виолета Ачковска. 

„Проектот е одобрен од Кинотека на Македонија за оваа година, бидејќи се навршуваат 80 години од раѓањето на големиот раскажувач и еден од најмаркантните ликови во македонското книжевно творештво, Живко Чинго. Документарниот филм ќе биде посветен на делото на Чинго, кој има една од водечките улоги во македонското книжевно творештво. Тој остави длабоки корени во македонската литература и ја позиционираше во светски рамки. Значајно за самиот документарен филм е тоа што ќе биде малку поразличен од вообичаената рамка на документарци кои се снимаат, односно во филмот ќе се води еден виртуелен разговор на Чинго со режисерот Георгиевски“, рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на првата клапа.

„Да се врати еден жив човек после педесетина години, значи да се врати како дух или како вампир, во секој случај јас се чувствувам прилично метафизички“, рече режисерот Љубиша Георгиевски.  

„Третиот наратив е да се снимаат парчиња од сеќавања. Но кога една скапоцена вазна ќе се скрши на парчиња, тешко е потоа да се залепи, и секогаш ќе фали некое сеќавање“, истакна Георгиевски кој потсети дека со Живко Чинго имал богата творечка соработка, на како што рече тој, на Чинговата „Пасквелија“ која ја драматизирал и ја режирал, а потоа го поставил на сцена и „Лазарево писмо“. 

Продуцентот Ѓуровски, пак, истакна дека филмот почнува да се снима во МНТ, каде Чинго бил директор. „Ќе се држиме до документарната форма која ќе донесе повеќе емоција на самиот филм“, рече тој. Историчарката Ачковска, е внука на Живко Чинго истакна дека тој бил исклучителен македонски творец и длабоко емотивна личност, која во себе носела голема хуманост. 

„Моето детство и младост се поврзани со овој човек. Во нашиот дом во Охрид,  Живко Чинго имаше средби со многу писатели од македонската и светската литература. Чинго другаруваше и со Данило Киш“,рече Ачковска.  

Документарецот ќе се снима летово во Скопје, како и во Велгошти, родното место на Чинго.  Според најавите филмот ќе биде готов до крајот на годинава. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 61
Share
Previous Post

Свечености по повод јубилејот 1000 години од упокојувањето на „Св.Јован Владимир“ осветување на конаците во Заум

Next Post

DW – Повеќе од 13 илјади Македонци живеат во модерно ропство

Next Post

DW - Повеќе од 13 илјади Македонци живеат во модерно ропство

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 61

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk