• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Партиите почнаа со лицитирањето: Лидерска средба, преодна влада, па нови избори?

април 24, 2017
in Актуелно

Вчерашното  продолжение на конститутивната седница на Собранието, донесе две изјави кои можеби укажуваат дека има некакво поместување од рововските позиции на партиите.
Прво, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, рече дека излезот од кризата е во лидерска средба.

– Почитувани колеги, се уриваат рекорди по број на денови и по бројност при изразување незадоволство од платформата со која е уценет СДСМ. Сакам да упатам апел за разум, за одржување лидерска средба, за сите лидери да седнат на маса и да решат за доброто на државата, да се отворат сите прашања и да се решаваат со компромис и да се постигне компромис, а потоа да се одржат нови избори за граѓаните да решат – рече Мукоски.

Нему му одговори портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој рече дека иако ВМРО-ДПМНЕ бара лидерска средба, од СДСМ не се согласуваат.

– За што би разговарале ние на лидерска средба и со кого би разговарале? Ние имавме лидерски средби и врз основа на тие лидерски средби беше постигнат Договорот од Пржино. Крајната цел на тие договори беше одржувањето на парламентарни избори. Резултатите од тие избори никој не ги оспори, вклучително ни ВМРО-ДПМНЕ. Не можеме ние заради неостварена желба на Груевски да си играме избори сè додека нему не му се погоди парламентарното мнозинство – рече Шилегов.

Павле Богоевски, независниот пратеник од коалицијата предводена од СДСМ, на собраниската говорница рече дека „нема да има нови предвремени избори кои ќе бидат организирани од оваа влада затоа што таа повеќе не го претставува легитимитетот на граѓаните“.

Сè досега и двете партии децидно стоеја на ставовите дека потребни се нови избори – став на ВМРО-ДПМНЕ, односно дека треба итно да се формира нова влада – став на СДСМ.

Ваквите изјави може да се толкуваат како испитување на теренот за разни сценарија и како заземање на стартни позиции на преговарачката маса до која евентуално може да дојде. Оттаму едно од сценаријата, ако се суди според денешните изјави, би можело да биде преговори, односно лидерска средба околу преодна влада со ограничен мандат која ќе организира нови избори.

Претседавачот со Собранието, Трајко Вељаноски, точно во 18 часот го прекина 17. продолжение на конститутивната седница и закажа ново продолжение утре во 11 часот.

На самиот крај на седницата, за процедуралнана забелешка се јави пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, кој е кандидат за претседател на Собранието предложен од парламентарното мнозинство.

– Јас бев министер за одбрана на оваа држава, не паднав од Марс, а овде ме избраа граѓани. Сите навреди што ги слушаме 60 дена само ние ги трпиме овде, зошто затоа што се грижиме за соживотот. Ова Собрание нема да оди ни во Тирана ни во Приштина ни во Тунгузија. Еднаш за секогаш, размислувајте како и што зборувате од говорница – рече Џафери.

Извор:www.meta.mk 

Посетеност: 92
Share
Previous Post

Светскиот ден на книгата и авторските права – во фокусот правата на хендикепираните лица

Next Post

Галерија „Букефал“: 375 илјади уметнички слики од Метрополитен се достапни на Интернет

Next Post

Галерија „Букефал“: 375 илјади уметнички слики од Метрополитен се достапни на Интернет

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 92

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk