• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 20, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Партнерството со НАТО е безбедносна гаранција за С. Македонија и за Европа

април 4, 2022
in Актуелно
Партнерството со НАТО е безбедносна гаранција за С. Македонија и за Европа

Државниот врв ја повтори пораката дека прашањето на проширувањето на ЕУ со Западен Балкан е геостратешко и безбедносно прашање и не треба да се одложува.

Северна Македонија го одбележува Денот на НАТО како 30. полноправна членка на Алијансата. Државниот врв на одбележувањето на денот на НАТО, испрати порака дека членството на земјата во Алијансата претставува  историски успех и најзначајно надворешнополитичко постигнување. Ова станува особено значајно за регионалната безбедност и стабилност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици и војната во Украина. 

Премиерот Димитар Ковачевскина свечената церемонија изјави дека земјата е фактор за стабилност и безбедност во регионот во која граѓаните имаат сигурна иднина. Тој порача дека се потребни предвидливи, веродостојни, засилени и забрзани процеси на интеграција во ЕУ. „Прашањето на проширувањето е геостратешко и безбедносно прашање, а евроинтегративните процеси треба да започнат без одлагање“, вели тој. 

Nordmazedonien Premierminister Dimitar Kovacevski

Ковачевски: Прашањето на проширувањето е геостратешко и безбедносно прашање

Безбедносно прашање

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, оцени дека дека гледано од денешна перспектива јасно е дека С. Македонија станачленка на Алијансата во вистински момент. „Тоа ја потврдува исправноста на нашите разумни, храбри и прагматични одлуки. Со членството во НАТО стабилноста на државата не може да биде разнишана, а безбедноста здружено ја гарантираат С. Македонија и 29 сојузници“, порача Петровска.

САД беа првите што ѝ посакаа добредојде на Северна Македонија во Алијансата пред две години. „Со С. Македонија, НАТО-сојузот само се засили. Како рамноправен партнер, САД се горди што стојат обединети со Северна Македонија“, децидна е американската амбасадорка, Кејт Мери Брнз. Во видео обраќање таа истакна дека неоправданата агресија на Русија во Украина ја загрозува регионалната безбедност. „Гледаме колку е важно тоа партнерство и за Северна Македонија и за Европа“, вели Брнз. 

Nordmazedonien Premierminister Dimitar Kovacevski

Премиерот Ковачевски зборува на одбележувањето на Денот на НАТО (Скопје, 4.04.2022)

Осуда на руската инвазија

Македонскиот државен врв потврди дека ја осудува руската инвазија на Украина и дека ја почитува храброста на украинскиот народ со која ја бранат нивната држава, нивниот суверенитет и територијален интегритет.

-повеќе на темата: Самит на НАТО: Добредојде во новата реалност за Европа!

„Руската инвазија во Украина придонесе за зајакнување на единството кај земјите членки и зајакнување на соработката со земјите партнери на Алијансата. Вонредната ситуација на европскиот континент покажува дека проширувањето на ЕУ е првенствено безбедносна политика и затоа во оваа прилика упатуваме уште еден силен апел до Унијата за проактивен пристап и забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, што е од суштински интерес за зачувување на безбедноста на Европа”, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој беше домаќин на приемот во МНР по повод Денот на НАТО.

Извор: www.dw.com

Публицитет.мк 

Посетеност: 108
Share
Previous Post

Стендап комедија со Ненад Стефановски во Џез Ин

Next Post

Радувај се Македонијо – имаме тројца европски шапиони

Next Post
Радувај се Македонијо – имаме тројца европски шапиони

Радувај се Македонијо - имаме тројца европски шапиони

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 108

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk