Многу е пишувано за Охрид од страна на голем број патописци. Идејата ни беше на едно место да ги собереме најинтересните моменти врзани за градот, вели авторот.
Во книгава која е замислена како мапа опфатени се 21 патописец, започнувајќи од Идриси од 12 век, па преку Пуквил, Лир, Григоровиќ,Хан, Спространов,Нушиќ заклучно со Џон Фостер во 1905 год. Таа содржи 3 карти од самуиловата патријаршија, 2 цртежи и 26 стари фотографии на Охрид.
Книгава е самостојно издание на авторот – историчар на уметност Гоце Жура испечатено само во 100 примероци и навистина секој охриѓанец треба да ја има во својот дом за да се раскажува за мошне интересните збиднувања за градот на Светоста, во минатото, велат промоторите.
-Ова е една мала благодарност за Охрид кој ни дозволи не само еднаш да ја видиме неговата убавина и да заминеме туку во него да живееме и твориме, вели авторот Гоце Ангеличин Жура.
Најновиот негов труд ќе го промовираат: Горан Патчев, Горан Митрески и Виолета Мартиноска . Промоцијата ќе се одржи утре – петок од 19 часот во спомен куќата на ,, Христо Узунов“ во Охрид.
Публицитет.мк