• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Патријархот Порфириј во Скопје објави: СПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА

мај 24, 2022
in Актуелно
Патријархот Порфириј во Скопје објави: СПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА

Веста ја сооопшти поглаварот на Српската православна црква на заедничката божествена литургија со поглаварот на МПЦ-ОА, г.г Стефан, која што се одржа во соборниот храм „Свети Климент Охридски”

Светиот Собор на Српската православна црква едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ-ОА, го одобрува и ја прифаќа автокефалноста. Ваквата вест ја сооопшти српскиот партијарх Порфириј, поглаварот на СПЦ, на заедничката божествена литургија со поглаварот на МПЦ-ОА, г.г Стефан, која што се  одржува во соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје.

„Сега браќа и сестри кога дојдовме овде ви носиме уште една радост. Светиот архирејски Собор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ-ОА и Соборот на нашата црква благословува, одобрува, прифаќа и признава автокефалност. Браќа и сестри во исто време, Светиот собор на нашата црква се става на должност на Синодот. Зеедно и во соработка со Архиепископот Стефан и неговиот Синод да ги разработат сите техничко-организациските детали и ќе следи свеченото прогласување на официјален акт, а потоа сите помесни православни цркви ќе бидат известени и ќе бидат повикани да го прифатат автокефалниот статус на МПЦ-ОА“, рече патријархот Порфириј.

Веста беше пречекана со аплауз од страна на црковните лица и граѓаните коишто присуствуваа на литургијата. Поглаварот на МПЦ-ОА порача дека ова е величествен момент и свет дена оти „55 години седевме, чекајќи го денот некој да се погрижи за нас“. 

-повеќе на темата: Вартоломеј: Заедничката литургија на поглаварите Порфириј и Стефан е чин на помирување

„Ова е ден во кој што дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната вест“, рече поглаварот Стефан, кој се заблагодари на поддршката на вселенскиот патријарх Вартоломеј, но и поглаварот на Српската православна црква којшто во Скопје ја соопшти долгоочекуваната вест за македонските верници. 

Nord-Mazedonien Gottesdienst der Oberhäupter der Mazedonischen und Serbisch-Orthodoxen Kirche

Поглаварите на МПЦ-ОА и СПЦ, Стефан и Порфириј

„Да се радуваме денеска, со нас денеска се радува целата црква, се радува и небото и земјата, се радуваат сите кога браќата се сакаат и кога го слават името Божје. Да се радуваме сите ние кои после 55 години служевме Света литургија, прво во Белград, а сега и во Скопје, за само неколку дена. Еден е Господ и една е црквата негова и една е верата наша.
Затоа денеска се радуваме. Пред нашите се случува чудо. Ние сме дел од тоа чудо“, рече Порфириј.

Веста доаѓа откако мината недела беше одржана заедничка литургија на помирување меѓу двете цркви во Белград. На 16 мај, една недела по одлуката на Вселенската патријаршија, Соборот на СПЦ одобри канонското единство на СПЦ со Македонска православна црква – Охридска архиепископија. 

 

Извор: DW.COM

Публицитет.мк 

Посетеност: 136
Share
Previous Post

Охрид го чествува делото на светите Кирил и Методиј

Next Post

Mето Jовановски со награда за животно дело на 8. „Балкан панорама филмски фестивал“ во Измир

Next Post
Mето Jовановски со награда за животно дело на 8. „Балкан панорама филмски фестивал“ во Измир

Mето Jовановски со награда за животно дело на 8. „Балкан панорама филмски фестивал“ во Измир

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 136

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk