• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, август 26, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Патријархот Вартоломеј на архиепископот Стефан му го предаде Патријаршискиот акт за примање на ОА во богослужбено и канонско единство

јуни 10, 2022
in Тикер
Патријархот Вартоломеј на архиепископот Стефан му го предаде Патријаршискиот акт за примање на ОА во богослужбено и канонско единство

Настанот се случи во Манастирот “Балаклија”, каде се одржа Вечерна богослужба по повод именденот на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. Вартоломеј.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј му го предаде и официјално актот на Вселенската Патријаршија од 9 мај, со кој МПЦ-ОА е вратена во канонско единство во православните цркви. Тоа се случи во Истанбул, на првиот ден од посетата на делегацијата на Охридската Архиепископија, предводена од Архиепископот г. Стефан, која беше пречекана на Аеродромот Истанбул од страна на Високопреосвештениот Митрополит Кидониски г. Атинагора, Високопреподобниот Архимандрит г. Григориј, началник-секретар на Светиот и свештен Синод и Великиот Свештенопроповедник г. Панарет, објави religija.mk.

– Дојдовме при Вас, веруваме во исполнето време, време во кое Вие го слушнавте крикот на нашето срце и го почувствувате копнежот на нашите души! Дојдовме при Вас и сме многу радосни поради тоа. Дојдовме да го изразиме нашиот копнеж по Христа, кој, како православни Христијани, го имаме, и да ги изразиме почитта, честа и благодарноста пред Вашиот престол – да ги објавиме гласно, овде, од под куполата на Константинополската Црква, пред сечесниот Вселенски престол, нашата љубов кон целата Вселена. Затоа, стоејќи денес пред Вас и со привилегијата да стоиме со Вас, дојдовме да Ви кажеме едно големо благодарам! Еве, токму во оваа благословена вечер, во која се собрани многу благодатни добрини: празникот на апостолите Вартоломеј и Варнава и соборот на првата светогорска икона ‘Достојно ест”; оваа ставропигија во која се наоѓаме и живата вода која се роди од Живоносниот источник; мртвите во гробовите и мртвите што воскреснавме; еклитонот кој кон Вас го упативме и преку чие оправдување нè прифативте во општење со Вас и со сиот православен свет; и Вие, Архиепископе Константинополски, Вашите привилегии и Вашето срце полно со љубов, изјави Архиепископот Стефан откако го прими актот на Вселенската Патријаршија.

Настанот се случи во Манастирот “Балаклија”, каде се одржа Вечерна богослужба по повод именденот на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. Вартоломеј.

На Вечерната богослужба присуствуваше и Архиепископот на Крит, г. Евлогиј, како и голем број архиереи, монаси,  дипломати и други гости. Празничната богослужба ја отслужи Великиот Протосингел на Вселенската Патријаршија г. Теодор Меимарис.

На крајот од богослужбата, Патријархот г. Вартоломеј на Архиепископот г. Стефан, свечено му го предаде Патријаршискиот и Синодален Акт за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство, откако пред четири години нашиот Синод поднесе молба за апелација до Вселенската Патријаршија, како врховна инстанца во Православието.

 Насловна фотка: www.religija.mk

Извор: www.novatv.mk 

Публицитет.мк 

Посетеност: 94
Share
Previous Post

Олаф Шолц на Балканот: Тешкото патување на германскиот канцелар

Next Post

МОН: Почна електронското аплицирање за запишување во средните училишта

Next Post
МОН: Почна електронското аплицирање за запишување во средните училишта

МОН: Почна електронското аплицирање за запишување во средните училишта

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 94

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk