Најдоброто од билниот свет – тоа е слоган на најстариот и најпознатиот хрватски растителен ликер, Badel Pelinkovac. Тој е воедно и најпродаваниот ваков ликер во Република Хрватска, и најпродаван производ од групата ликери на Бадел 1862. Пелинковецот со знакот на БАДЕЛ побарајте го и во АЛПОЈО – Охрид.
Оние кои ја имале можноста да го пробаат овој ликер, можеле и да ја вкусат мешавината на традиција, квалитет и иновација.
Баделовиот Пелинковец е традиционален пијалок, со кој уште во далечната 1862г, основачот на денешниот Бадел 1862 – Фрањо Покорни, се стекнал со светска слава. Тој, со својата единствена рецептура на база на лековитата билка пелин (Artemisia Absinthium), креирал врвен ликер кој во краток рок освоил бројни признанија и награди.
Уште во 1867.г ја добива првата награда за квалитет во Париз. Следеле наградите во Лондон и Виена во 1873.г, па златниот медал во Унгарија.
Освен сите значајни европски метрополи, Фрањо Покорни го снабдувал и царскиот двор на Наполеон Трети. Од 1910.г неговата фабрика гордо го носи називот “кралскидворски добавувач”, добиен од Австро-Унгарската монархија.
Благодарение на пелинот – со векови познатата лековита билка која ја чисти крвта и помага при проблемите со желудникот, и докажаниот квалитет, денешниот Бадел Пелинковац е лидер на пазарот на горки ликери.
Амбалажата на Пелинковецот се развивала и менувала низ децениите. Својот денешен облик Бадел Пелинковец го доби во 1997г., кога е и развиен оригиналниот облик на шишето кој го респектира богатото историско наследство на компанијата.
Баделовиот Пелинковец и денес се произведува со традиционална постапка на мацерација(технолошка постапка на екстрахирање на состојките на ароматските билки, овошје или плодови, во дестилат или етил алкохол на собна температура), со која одбраните лековити билки, во кои доминира пелинот, се потопуваат во основната течност. При повеќенеделното одлежување билките ги пренесуваат своите највредни својства и го креираат специфичниот вкус и мирис на Бадел Пелинковец. Дел од мацератот се дестилира во традиционални бакарни котли, а конечниот производ се добива со купажа на дестилатот и мацератот. Оригиналната рецептура и традиционалниот природен метод на подготвување го издвојуваат овој Пелинковец од останатите билни ликери.
Оваа историја на Баделовиот Пелинковец беше презентирана на дводневната едукација одржана во Скопје и во Битола, каде што освен едукативниот дел, на присутните им беше овозможена дегустација на Пелинковец сервиран на повеќе начини.
PELINKOVAC ANTIQUE
Вистинско пријатно сетилно изненадување предизвика претставувањето и дегустацијата на Бадел Антик Пелинковецот (Badel Antique Pelinkovac), премиум верзија на ликерот,со ограничено производство и единствен сериски број, кој со својата префинетост во изгледот и вкусот никого не остави рамнодушен.
Силната,препознатлива арома на Пелинковецот овозможува во него подеднакво лесно да се ужива и како аперитив и како дигестив, разладен или со коцки мраз, чист или со парче лимон и цеден сок од портокал, за смирување и опуштање, во секое време од денот и за секоја прилика.
Рецептот со кој се произведува Badel Античкиот Pelinkovac е еден од најстарите добро зачувани во архивата на рецепти на Badel 1862 година. Процесот на производство се одвива на истиот, стар традиционален начин, а двете шишиња и етикети што се направени како реплика на оригиналот шишиња се чуваат во Музејот на Град Загреб.
PELINKOVAC ORANGE
Заљуби се во совршената, огнена комбинација на веќе добро познатата мирисна мешавина на медитерански билки и слаткиот, фин вкус на домашниот портокал. Badel Pelinkovac Orange е наменет за сите оние кои се секогаш подготвени да пробаат нешто ново, да се препуштат на моментот и да уживаат во животот со полна душа.
Возбудлив и страствен, Badel Pelinkovac Orange е освежувачко враќање кон корењата. Олади го и претстави го во друштвото со ниски, но елегантни чаши. Стави коцка мраз и набљудувај како неговиот богат и природен состав на билки во комбинација со ароматичниот и вкусен портокал со леснотија го освојува непцата и го подигнува расположението до максимум.
Уживајте во неговата темна боја,сензуалниот мирис и заводливиот вкус.
Публицитет.мк