Постојат повеќе примери во историјата на поп музикатакога само една песна која станала голем светски хит да ја одбележи кариерата на еден интерпретатор односно таа да биде знак за негово препознавање ,без разлика на останато негово композиторско или изведувачко творештво.
Токму на една таква песна ќе се потсетиме овојпат.Се работи за поп песната „Пеперутка“која е напишана и испеана од францускиот кантавтор Даниел Жерард. Песната била снимена во 1969 година а била објавена во следната 1970 година кога станала голем хит во Франција.
Само по неколку месеци од нејзиното објавување ,за песната биле напишани англиски зборови а нејзиниот автор и исполнител песната ја снимил на англиски јазик во САД.
Една година подоцна тој песната ја испеал и на германски, шпански и италијански јазик.
Сето ова придонело песната да доживее планетарен успех а синглот да биде продаден во над седум милиони примероци.
Синглот со оваа песна во Германија во летото 1971 година цели 15 недели бил на првото место на најслушаните песни.Таа се нашла и на првото место на топ листите во Швајцарија, Шведска и се разбира , во Франција.Во Јужна Африка се искачил на второто место .Во Велика Британија ,на изнанадување и на самиот кантавтор, песната се искачила на 11 место на топ листата на синглови задржувајќи се на неа цели 12 недели.
Во САД песната се искачила на 78 место на престижната Билборд топ 100 листа а во Австралија верзијата на Жерар се искачила на 11 место на сенационалната топ 40 листа на најслушани песни во декември 1971 година.
Песната доживеа голем број на вокални и инструментални верзии. Во САД познати се изведбите на поп пејачката Ејди Горме и познатиот кантри изведувач Ричард Едвард Арнолд . Особено е интересен податокот дека песната може да се слушне и во изведба на позната актерка но и пејачка Голди Хон.
Голема популарност песната доживеа и како инсструментална верзија на такаречи сите светски познати инструменталисти но и оркестри ,што само ја потврдува нејзината популарност.
Инаку кантавторот и ден денес , иако е на прагот од деветата деценија од својот живот,настапува во живо на повеќе телевизиски шоу програми кои се одржуваат во повеќе европски земји ,каде неизоставно ја интерпретира неговата најуспешна песна.
Интересно е да се спомене дека Даниел Жерард е роден во Париз во 1939 година но дека израснал во Рио де Жанеиро од каде во 1953 година повторно се вратил во Париз.Најпрвин пеел песни од други изведувачи за во 1970 година да го напише и изведе својот најголем хит „Пеперутка“. Инаку како композитор соработувал со Џони Холидеј, Далида, Ричард Ентони, Катерина Валенте, Мари Лафоре и Удо Јургенс.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк