Песната „Подгорија“ во изведба на Сашко Митев изминативе денови го доби својот видео спот.
Во оваа песна преку нејзиниот видео запис, се опеваат и прикажуваат убавините на подгориските села, коишто се протегаат во Струмичката котлина, во подножјето на прекрасната планина Беласица.
Предел, кој изобилува со прекрасна природа и зеленила, со многу природни убавини, реки и водапади.
Инаку, музиката и текстот на песната ПОДГОРИЈА се на Сашко Митев, а за аранжманот се погрижи големиот виртуоз на македонската музика, маестро Милан Завков. Снимана е во Студио Sity Sound во продукција на Љупчо Соколовски. За видео записот се погрижи Studio LUMA од Струмица.
Публицитет.мк
Публицитет.мк