Нема лето,а Петар Горко да не е во Охрид. Често со матичниот Битолски театар на сцените на „Охридско лето’, но и приватно.
Последната наша средба беше неодамна во рамките на „Охрид фест“. Петар во нему интересната и со љубов прифатена улога на водител.
На минување со актерот Горко разговаравме за неговите 25 години минати на штиците што значат живот, за околу стотината одиграни улоги и над трите илјади поклонувања на сцена.
Како судбина му се ликовите во драмите на Шекспир, досега е единствениот македонски актер кој одиграл 16 ликови во ненадминатите претстави на Шекспир.
Горко вели дека да се остане човек во денешно време е многу тешко и дека тој се води од таа премиса да остане сосема обичен во животот и во професијата и дека најсреќен го прави семејството кое е неговиот микро космос.
Зборувавме за одиграните улоги , за наградите, надежите и очекувањата за идните зафати и за преголемата љубов кон сопствената матична сцена иако, го има и во Драмски и во Прилепксикот театар, по телевизиите и филмовите во кои чека да му се случи некоја од главните ролји.
Со Петар Горко разговараше Милчо Јованоски:
Публицитет.мк