• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Платформата од НВО – за превенција и откривање на ХИВ бара Владата да го коригира скратениот буџет за заштита од ХИВ

октомври 6, 2016
in Аргументи за

Ние, граѓанските организации кои спроведуваат активности за превенција и рано откривање на ХИВ помеѓу групите изложени на најголем ризик во Република Македонија, уште еднаш јавно бараме од пратениците, Владата, Министерството за финансии и Министерството за здравство да го коригираат скратениот буџет за заштита на населението од ХИВ – во согласност со препораките на експертите. Тоа ќе спречи појава на епидемија на ХИВ и ќе го заштити здравјето на сите граѓани.

                                        protest3

Во националната програма за ХИВ за 2017 година се неопходни најмалку 65 милиони денари од буџетот на Република Македонија, според проценките на домашни експерти што ги ангажираше Министерството за здравство. Наместо тоа,предлог-Буџетот на Република Македонија за 2017 година предвидува само 27 милиони денари, износ кој не е доволен да ги покрие ниту потребите за животоспасувачка терапија за една година. Според експертите, за лекување на пациентите за една година неопходни се 32 милиони, додека 33 милиони денари се потребни за покривање на превентивните програми за половина година. За првите 6 месеци од 2017 година Република Македонија сѐ уште се надева дека Глобалниот фонд за ХИВ и туберкулоза ќе одобри да се искористат заштедените средства од грантот за да се покријат превентивните програми.

 

  platforma copy
Уште позагрижувачки е што во оваа т.н. превентивна програма воопшто нема да останат средства за превенција. Тоа ќе значи зголемен број на нови инфекции и зголемен број на смртни случаи од ХИВ поради задоцнето откривање. Исто така, на долг рок ќе се зголемат трошоците за лекување поради долги хоспитализации и скапи терапии, кои со помош на превентивните програми може да се избегнат.
Доколку не се обезбедат средства за да се одржат програмите за превенција ќе се затворат сите теренски и стационарни сервиси за ХИВ за групите под најголем ризик од ХИВ кои функционираат во повеќе од 14 градови ширум земјата. Најмалку 15.000 припадници на ранливи категории на граѓани, како и нивните семејства, ќе останат без пристап до бесплатни средства за превенција и брзи скрининг тестови за рано откривање на ХИВ. На тој начин инфекцијата ќе се шири побрзо, а тоа може да се одрази не само на овие групи, туку и на пошироката популација, особено младите.
Анализата на експертите од Светската банка направена во 2015 година во соработка со Министерството за здравство ги потврди овие прогнози:
– Доколку се одржи досегашното ниво на финансирање за ХИВ и оптимално се распредели на програмите за превенција помеѓу групите изложени на најголем ризик и зголемување на бројот на лица кои ќе бидат на терапија, може да се спречат дополнителни 860 нови случаи на ХИВ до 2030 година и дури 290 смртни случаи.

 

organizacii

Во изминатите 13 години Глобалниот фонд даваше значителна финансиска поддршка за националната програма за ХИВ. Како земја со висок среден приход и ниска стапка на ХИВ-инфекција, Република Македонија веќе не може да аплицира за средства од оваа меѓународната организација. Со потпишувањето на досегашните грантови Министерството за здравство се обврза да го преземе финансирањето на националната програма за ХИВ по завршувањето на грантовите. Покрај тоа, Министерството за здравство јавно се обврза дека ќе ги одржи програмите за превенција преку мрежата на граѓанските организации на јавната расправа во Комисијата за здравство при Собранието на Република Македонија на 11 декември 2015 година.

Платформата за одржливостна сервисите за превенција и поддршка за ХИВ ја сочинуваат 16 граѓански организации од 9 града низ Република Македонија, од кои најголемиот дел се директно вклучени во спроведувањето на активностите за превенција на ХИВ помеѓу групите изложени на најголем ризик во следните градови со нивните околни населени места: Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Охрид, Прилеп, Битола, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Штип, Велес и Куманово.
Платформата за ХИВ ја сочинуваат здруженијата: ХЕРА, ХОПС, ЗАЕДНО ПОСИЛНИ, ЕГАЛ,Доверба,СТАР-СТАР, Црвен крст на РМ, Опција – Охрид, Зона – Кавадарци, Центар за унапредување на јавен живот – Тетово, ХЕЛП – Гостивар, Младински Клуб –Штип, Избор –Струмица, ПУЛС – Куманово, Интер етник проект –Гостивар, Виа Вита – Битола.

Публицитет.мк 

 

Посетеност: 135
Share
Previous Post

Градоначалникот Бакрачески се сретна со германска бизнис делегација во Охрид

Next Post

Српската писателка Алексиќ-Станојловиќ, гостува во Прилеп

Next Post

Српската писателка Алексиќ-Станојловиќ, гостува во Прилеп

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 135

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk