• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 8, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Плодна средба на министрите за култура на Македонија и Бугарија во Софија

јуни 22, 2017
in Тикер

Во рамки на дводневната посета на Република Бугарија на делегацијата на Владата на Република Македонија предводена од премиерот Зоран Заев на 20 и 21 јуни, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски оствари средба со министерот за култура на Република Бугарија, Боил Банов.

На средбата беше посочено дека соработката во областа на културата има традиционален карактер и е регулирана со Спогодбата за културна соработка меѓу Владите на двете земји од мај 2000 година, како и со Програмите меѓу двете Министерства, кои се потпишуваат на три години. Во тој контекст, министрите за  култура најавија дека најновата програма за соработка во областа на културата за периодот 2017 – 2019 година ќе се потпише во текот на есента.

Алаѓозовски и Банов разговараа за соработката, која се одвива во сите дејности од културата. Бугарскиот министер Банов се заложи посебен акцент во идните односи да биде ставен на културниот туризам. Министерот Алаѓозовски истакна дека треба да се унапредат и билатералните проекти, кои се поддржуваат од програмите на Европската Унија. При тоа, тој посочи дека капацитетот на македонско – бугарските партнерства не е искористен во мултилатералните проекти, кои се финансираат од програмата на ЕУ „Креативна Европа“.

Освен на билатерален план, двете земји остваруваат одлична соработка и на мултилатерален план, како членки во Меѓународната фондација „Форум на словенски култури“, во Советот на министри од Југоисточна Европа, а реализираат и заеднички проекти во рамките на соработката со УНЕСКО. Во оваа смисла, Алаѓозовски му ја изложи на својот бугарски колега идејата Советот на министри да се развие по добриот пример на Нордискиот совет на министри за култура, кои имаат и заеднички канцеларии и фонд за поддршка на проекти.

На средбата се разговараше и за Иницијативата „16+1“ на НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа, при што министерот Алаѓозовски побара од министерот Банов и Република Бугарија да ја дадат својата поддршка за предлогот идниот Координативен центар за културна соработка меѓу овие земји да биде востановен во Скопје. Алаѓозовски информираше дека досега поддршка за отворање на овој Центар во Скопје е добиена од 10 држави, и тоа од Албанија, Босна и Херцеговина, Естонија, Латвија, Литванија, Црна Гора, Полска, Словачка, Словенија и Унгарија, а дека сè уште не се изјасниле Бугарија, Хрватска, Чешка, Романија и Србија. Министерот Банов со задоволство ја поздрави иницијативата и рече дека ќе даде поддршка за овој предлог.

Публицитет.мк

Посетеност: 56
Share
Previous Post

Ресторанот „Влахов 52“ има потреба од пероснал за повеќе позиции – пријавете се!

Next Post

“Пратеници-пријатели на единственото УНЕСКО подрачје во Македонија – Охридскиот регион”

Next Post

“Пратеници-пријатели на единственото УНЕСКО подрачје во Македонија – Охридскиот регион”

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 56

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk