На Саемот на книгата во Скопје денеска во 14 часот, издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје ќе промовира две нови стихозбирки од Владимир Левчев и Поли Муканова, поети од Бугарија.
За стихозбирката „Љубов на плоштадот“ од Владимир Левчев, ќе говори поетот, а воедно и препејувач на делото, Славе Ѓорѓо Димоски. За стихозбирката „Школките имаат два дела“ од Поли Муканова ќе говори поетот, а воедно и препејувач на делото, Зоран Јакимоски.
Стихови ќе читаат авторите, а препевот на македонски јазик ќе го интерпретираат Јован Цветкоски и Леа Новеска, членови на НАТГ „Аматер“.
Муканова и Левчев на Саемот на книгата во Скопје, вчера
Список книги – изданија на ПНВ Публикации кои можете да ги најдете на нивниот штанд на саемот на книгата во Скопје и тоа со голем саемски попуст:
- Фантомот од Операта – Гастон Леру
- Овалниот портрет и други раскази – Едгар Алан По
- Дневникот на заводникот – Сорен Кјеркегор
- Госпоѓица Лонлихарт – Натаниел Вест
- Планини на лудилото – Х. Ф. Лавкрафт
- Авел Санчес приказна за една страст – Мигел Унамуно
- Знакот на 4-ката – Артур Конан Дојл
- Ивет – Ги де Мопасан
- Орла и други раскази – Ги де Мопасан
- Писма до еден германски приател – Албер Ками
- Рашомон и други раскази – Рјиносуке Акутагава
- Годишнии времиња – Јулијана Величковска
- Монахот што се плашеше од смртта – Горан Василевски
- Војна на световите – Х.Џ. Велс
- Мистериозниот странец – Марк Твен
- Доилката – Лилјана Пандева
- Мемоари за болниот ум – Бошко Ангеловски
- Мувлосани приказни – Каролина Николиќ
- Јазичен триптихон – Славе Ѓорѓо Димоски
- Школките имаат два дела – Поли Муканова
- Љубов на плоштадот – Владимир Левчев
- Вираго – Елизабета Краљевски
И многу други…
Публицитет.мк