И по 40 години поминати заедно во гимназијата „Св. Климент Охридски“ четирите познати професорки : Ефимија Наумоска, Мирјана Алачова, Стефанка Цекиќ и Цветанка Груева и како пензионерки се не разделни.
Ги забележавме во едно кафуле крај Охридското Езеро во опуштен релаксиран разговор и ги прашавме како им успеа оваа чудна комбинација – две англичанки и две хемичарки ( професорки по англиски јазик и хемија ). Груева со насмевка ни рече – Е со хемијата нема играње со неа се е можно… Неа ја има во се’ и насекаде па и во нашата дружба. Стефанка додаде: – Имаме многу теми за разговор,а понекогаш започнатите разговори никако да завршат иако кафето веќе е испиено.
-Сега сме пензионерки ама често ќе се сетиме на некоја случка или анегдота од нашето време, па тоа ни создава дополнително расположение, ни рече Алачова, а Ефимија ги надополнува: – Не сме секогаш на оваа локација го менуваме местото ама најчесто сме си во оваа комбинација.
На професорките – пензионерки им одел им оди и им посакуваме уште долго да им оди муабетот.
Попатно четирите ни признаа дека секојдневно ги радуваат успесите на генерациите ученици кои ги учеле а одмана се свои луѓе.
М.Јованоски , Публицитет.мк