
После цели 25 години се асфалтираат уличките во Градските гробишта.
Средствата за овој зафат, како што појаснува градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, се издвоени од општинскиот буџет.
Во завршна фаза е и реконструкција на улицата „15ти Корпус“ која води кон градските гробишта.
-Оваа улица е една од најфреквентните улици во градот, а нејзината лоша состојба го забавуваше текот на сообраќајот. Градежните активности треба да завршат во јуни со што ќе се олесни пристапот до гробиштата и инфраструктурно ќе се реши и овој дел од градот.
Извор: Официјална ФБ страница на градоначалникот Георгиески







