Горан Стојаноски , директорот на центарот за култура „Григор Прличев“ кој воедно е раководител на театарот и актер соопшти дека утревечер премиерно на театарската сцена од 20 часот ќе биде изведена драмата „Стари времиња“ од Харолд Пинтер во режија на Нела Витошевиќ. Поради големиот интерес претставата првата реприза ќе ја има во истиот термин следниот ден сабота.
– Ги повикувам сите кои не успеаја да ја видат претставата да дојдат сега на едно убаво драмско задоволство кое трае 59 минути, рече Стојаноски .
Кој е Пинтер што да очекуваме од „Стари времиња“
Нобеловецот за литература, Харолд Пинтер, препознатлив по неговиот исклучително оргинален начин на пишување, често нарекуван од критичарите „Пинтеризам“, со неговиот лик и дело претставува икона на современата драма. Тој во своите дела секогаш се повикува на минатото како клучен фактор за последиците и растројствата кои се нерешливи во животите и судбините на неговите ликови. Во неговиот најпознат текст „Стари времиња“ со кој се пробива на светската театарската сцена, ги следиме личните приказни на брачниот пар Дили и Кејт, чиј простор на делување станува загрозен со пристигнувањето на Ана, другарка и цимерка на Кејт со која делеле иста соба пред дваесет години, на студии во боемскиот Лондон.
Преку евоцирање на спомени прикажано низ тек на мислите на карактерите, а повремено испрекинати со дијалози, авторот не воведува во мистеријата на приказната во која деструктивната сила на копнежот, претставува главен двигател на дејството. Преку доминантното чувството на постојана опасност и сексуална провокација се води битката помеѓу Дили и Ана за освојување на срцето на Кејт. Преку анализа на сеќавањата, длабоко се отвараат трите карактери и нивните психолошки проблеми. На тој начин и просторот во текстот претставува бојно поле во кое карактерите се борат за своја територија, поседување, контрола. „Редот“ е нарушен уште од самиот почеток на драмата, за гледачот да се запраша дали е возможно тој повторно да го победи хаосот предизвикан од силните слики на минатото?!, ќе напише режисерката Витошевиќ во најавниот материјал за претставата.
Стари Времиња од Харолд Пинтер
Режија Нела Витошевиќ
Играат Ирена Ристиќ
Горан Стојаноски
Јасмина Билаловиќ
Костимографија Роза Трајческа Ристовска
Сценографија Нела Витошевиќ
Видео материјал Васил Христов
Избор на музика Нела Витошевиќ
Изработка на сценографија “Вуле Игор вудкрафт” Охрид
Технички директор Зоран Левески
Инспициент Филип Ангеличин – Жура
Техничар на тон Митко Серафимоски
Техничар на светло Павле Голабоски
Работа со видео бим Борис Велјаноски
Шиење на костими Билјана Пешевска
Фризер Наташа Вретоска
Гардеробери Линдита Мерко, Деса Лазороска
Реквизитер Маријана Николоска
Сценски техничари Љупчо Крстаноски, Даниел Андрески, Кире Ангеловски, Ѓоко Китоски
Кетеринг: Соња Крстаноска
Продукција НУЦК Григор Прличев / Народен Театар Охрид.
Публицитет.мк