• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, јуни 28, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

По повод 50 години од постоењето наскоро Монографија за КУД „Ѓердан“ од Охрид

мај 22, 2018
in Во потрага по трајната убавина
По повод 50 години од постоењето наскоро Монографија за КУД „Ѓердан“ од Охрид

Монографијата  ќе биде збир од спомени и фотографии на некогашните и сегашните членови. Раководството на КУД „Ѓердан“ од Охрид ги поканува сите членови на еден или друг начин да помогнат во нејзиното издавање зад кое стојат Министерството за култура и Општина Охрид. 

Идејата за формирање на КУД ЃЕРДАН од Охрид се родила 1967 година со формирањето на оркестар од страна на познатиот охридски музичар и диригент Наум Гаврилоски. За  да се формира и фолклорна група идеја дал тогашниот директор на „Охридско лето“ писателот Миле Волканоски.

Друштвото официјално е регистрирано во април 1968 година и тоа е прво фолклорно друштво во Охрид.

Првичната цел била друштвото да настапува пред странските и домашните гости во охридските хотели и на тој начин да се збогати културната понуда.

gerdan fotka05222018 0001

 

Од тогаш до денеска 50 генерации музичари и играорци ја пренесле славата на македонската игра и песни низ светот. Речиси една година раководството на КУД Ѓердан работи врз Монографијата која треба да биде промовирана во септември годинава.  

-Тешко е да се води прецизна статистика на членовите а и на концертите но сигурно се мери со неколку стотици.

Тоа е директниот повод и за Монографијата 50 години КУД ЃЕРДАН да се забележи се’ и дел од историјата да биде зачувана во колективната меморија на градот и за идните генерации.  Токму Монографијата треба да биде плод и круна на постоењето на друштвото кое и денеска егзистира и од кое излегоа голем број луѓе кои подоцна формираа нови друштва во Охрид.  КУД ЃЕРДАН воедно е бренд и на Македонија негови играорци продолжувале во Танец и ред други друштва за време на студирањето или отселувањето од Охрид.  Витрините на ова КУД се преполни со награди и признанија и спомени за едно време минато, но и за сегашноста во која ЃЕРДАН има задача и мисија младите да не ги заборават македонските корени, песни и традиции, вели сегашниот раковидтел и уметнички директор на друштвото Методија Бараковски – Менде.   

 

gerdan fotka05222018

Како и секоја така и оваа Монографија има за цел да ги зачува сеќавањата , фотографиите и податоците за КУД Ѓердан од неговото формирање до денеска.

По изработката во околу 500 примероци и нејзината промоција Монографијата за КУД ЃЕРДАН ќе остане како еден запис за оние кои го создале првото фолклорно друштво во Охрид, но и патоказ за идните генерации кои ќе дојдат во иднина да знаат како функционирал фолклорот како дел од националната македонска култура кој не само што има уметничка , туку и социолошка димензија да го зачува времето минато преку презентацијата на песните, ората , обичаите и носиите. Монографијата ќе има околу 150 страници со стотина фотографии црно-бели и во боја.

Оттука, вели Бараковски ги повикувам сите членови на КУД „Ѓердан“ да ми се јават, да ме побараат и да споделат спомени и фотографии. Сигурно дел од нив ќе се најдат во монографијата.

Публицитет.мк    

Посетеност: 76
Share
Previous Post

Учениците од ОУ „Христо Узунов“ успешни на Републичкиот натпревар по физика

Next Post

ТА „Елида турс“ – Охрид и „Бугарија Холидеј“ по седми пат се организатори на турнир во голф

Next Post
ТА „Елида турс“ – Охрид и „Бугарија Холидеј“ по седми пат се организатори на турнир во голф

ТА „Елида турс“ - Охрид и „Бугарија Холидеј“ по седми пат се организатори на турнир во голф

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 76

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk