Архивот од Охрид по повод – „Денот на Архивот -1 ви Април“ утре од 11 часот во тераса Аквариус (поради временските услови) ќе постави фотографски поставки кои ќе го презентираат славењето на „21 март денот на пролетта“ и „1 април – денот на шегата“ од страна на дечињата од училиштата и градинките во градот Охрид за временскиот период од 1955 – 1965 година.
-На овој начин сакаме да направиме компарација со некогашното дефиле и денешното кога дечињата од градот Охрид се маскирале дочекувајќи ја пролетта или денот на шегата.
Напоменуваме дека ќе има за посетителите и примероци од книгата „АРХИВ(ИСТИКА) на доц. д-р. Никола Митровиќ Бабе и примероци од изданието на „Македонски архивист“, велат од Државниот архив на Република Северна Македонија – Подрачно одделение Охрид.
Публицитет.мк