• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

По пресот на СДСМ – Охрид со реакција се јави и ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ – Охрид

октомври 17, 2016
in Тикер

За кој период од четири години станува збор во изјаснувањето на денешниот прес, дали се однесува  за периодот до мај 2013 година, и дали тогаш некој од сега загрижените укажувал на несериозноста на раководството на ЈОУДГ„ Јасна Ристеска“ ?!

За какво самоволие и штета станува збор не ни е јасно затоа што постои Закон за заштита на децата и договор кој го  потпишуваат родителите при упис на децата, за што постојат обврски од двете страни кои треба да се почитуваат. Исто така, постои национална Програма за рано учење и развој која доследно се користи во воспитно – згрижувачката работа со децата од предучилишна возраст. Децата се згрижени во соодветни услови и жално е што се обидуваат душегрижници да бараат ситни политички поени врз се’ уште кревкиот грб на дечињата, срамно и нехумано!

Од секогаш, во летниот период поради намален број на деца чии родители користат годишни одмори како и годишните одмори на вработените се спојуваат повеќе објекти со цел тој период да се искористи и за реновирања, реконструкции и други зафати за подобрување на условите за престој на децата.

Како паралела на  констатацијата дека децата биле згрижени во несоодветни услови, објектот во кој беа згрижени ова лето во моментот згрижува 161 дете. А во месеците: јули имаше 130 деца, август 98 деца, септември имаше 146 деца, бројки на најмногу присутни деца.

Што се однесува на големиот број на деца единствено во градинките во Охрид бројот на деца е за пет поголем од нормативите по групи, со одлука на Управен Одбор и Совет на Општина. Прашајте колку деца има во групите во КУМАНОВО!

Овој проблем го имаат градинките во цела држава и во цел регион.

Неколку пати е одговорено дека не се наплаќа еден месец однапред туку врз основа на договорот најдоцна до 20 во месецот.

Што се однесува до литературата за деца исто така, откако постои установата литературата се котисти за секојдневните активности со децата, а денес се користи исклучиво литература која е одобрена од Педагошка служба или Биро за развој на образование врз чие мислење Министерот издава решение. А која литература ќе се користи зависи и од изборот на родителите. Ако некоја издавачка куќа не донесла понуда до родителските средби или имала решение по стара програма, за тоа не е виновна директорката, а и зошто критика на оваа тема, и зошто Вие загрижените не ја кажете  фирмата за која се залагате да се набавува литертурата од кај нив.

Доколку уште еднаш каде билое и во која било конотација се спомне моето семејство, Ви ветувам приватна тужба за излагање на невистини и изнесување лаги во јавноста.

Почитувани, да Ве потсетам дека  Никола Груевски работи на отворање на градинки и Вие сте сведоци на тоа во изминатите три години кога во Охрид се отворија групи во Лескоец, Велгошти, Радојца Новичиќ и Пештани и истите ги критикувавте дека не треба да постојат а тие сега згрижуваат 120 деца. Потребата од уште една градинка е неминовна поради огромната листа на чекање за прием во градинка. Заради тоа ние ја ПОЗДРАВУВАМЕ ИДЕАТА ЗА 140 НОВИ ГРАДИНКИ!

За разлика од пред три и пол години кога занимални биле оставани празни или се давале под наем на балетски групи или јога друштва.

ОВА НЕ Е ЛАГА ОВА Е ВИСТИНА!

Во изминатиот период откако не сте Вие на власт во Охрид во градинката се вработени 60 лица со решение и уште 11 лица ангажирани по проекти и во моментот преку Агенција за времени вработување ангажирани се уште 10 лица. Природниот одлив на вработените со помош на локалната самоуправа на Општина Охрид и МТСП редовно се надоместува со нов кадар. Да Ве потесетам дека претходно 30 лица се држеа со договор на дело со минимална плата од 6000,00 денари и им се плаќаше само персонален данок.

Притоа во меѓувреме направена е нова ограда во „Развигорче“, сменета водоводната мрежа во детските санитарни јазли од истиот објект, отворена е група за деца до две години.

Во три објекти променета е столаријата со посебен акцент на просториите кои ги користат децата, Во „Билјана“ променета е водоводната и канализационата мрежа во детските тоалети и комплетно сменети се сите санитарии.

Во „Росица“ поправена е оградата, и направена е соодветна патека за влез во објектот која скоро да непостоеше и родителите ги носеа децата низ економскиот влез. Набавени се клима уреди скоро за во сите занимални и две печки на пелети како алтернативно греење и ладење. Набавени се нови играчки како за по занимални, така и за во холовите и дворовите.

Реконструкцијата на централниот објект е завршена, децата се нормално згрижени, се тестира само дел од покривот и се интервенира на санирање на дел од оштетениот таван. Објектот ентериерно е целосно обоен и е во функција. Можеби затоа не се реконструирало ништо во Ваше време за да не Ве критикува некој за ненавремено извршување на работите од изведувачите? И се’ се оставало за понатаму, некој друг да го направи тоа? А колку е тоа за правење не Ве интересира! Буквално се! Објекти стари по четириесет- педесет години. Со кое право Вие коментирате, наместо да ги поздравите ваквите активности на градинката, Градоначалникот и Владата!

Исто така, како паралела за „неодговорното“ работење на оваа управа ќе Ви изнесам само неколку податоци:

2013 долг за нафта 1.608.260.00    –   денес  2016г.      373.154.00

2013 обврски   1.770.310,00      –               2016г                 9.420,00

2013г на сметка на установата имало 285.686, 00 денес 2016г.     2.370.665,00.

Единствено кој лаже е тој што  често го користи овој израз и се служи со него.

И ако толку некој е загрижен како што се декларира за децата во градинката, зошто досега не се понудил да им помогне со каква било помош.

Со почит,

Роза Костеска

Директор на ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ – Охрид 

Посетеност: 140
Share
Previous Post

Собранието се распушти, отворен патот за избори на 11 декември

Next Post

Галерија „Букефал“: Љубомир Белогаски – врвен мајстор на акварелот

Next Post

Галерија „Букефал“: Љубомир Белогаски - врвен мајстор на акварелот

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 140

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk