Денеска во Загреб, Хрватска за прв пат почна со работа Изборната настава по македонски јазик и култура ( модел Ц) за учениците во средните училишта.
Според подготвената програма за средните училишта а на барање на Заедницата на Македонците во Република Хрватска одобрението е донесено од страна на Министерството за наука, образование и спорт.
Наставата како што ни соопштија за „Публицитет.мк“ претставниците на македонската заедница ќе се одржува во Првата гимназија во Загреб и тоа во две групи секој петок и сабота.
Наставата ќе ја води Тинка Барбутов – Крстева , професорка по македонски јазик и книжевност.
Публицитет.мк