Денешната реакција на СДСМ не претставува ништо друго освен прикажување на нивната политичка слабост која се истакнува преку небулозни тези, изјави и критики во кои не веруваат ни тие самите.
Самиот факт што дури после еден ден реагираат на прес конференција укажува на тоа дека добро ја анализирале програмата Реално и сватиле за значението на капиталните проекти кои се опишани и кои ќе се спроведат од страна на ВМРО ДПМНЕ.
Ваквиот принцип на замајување на јавноста од СДСМ е добро познат кај сите нас. Граѓаните знаат да направат споредба на нивната со нашата програма и РЕАЛНО да направат разлика. Разлика не само во обемот и содржината туку и во значајноста на капиталните проекти. Најголема споредба може да се согледа и во водењето на локалната самоуправа на град Охрид предводена од ВМРО ДПМНЕ и она што беше период на мрачно сценарио кон градот Охрид во времето на СДСМ во период од осум години. И за крај направете споредба помеѓу се она што прави ВМРО ДПМНЕ во изминативе десет години и она што СДСМ го направи во текот на нивниот мандат каде главен проект им беше приватизацијата на капитални објекти. Тоа е она што нас не разликува од нив, а денес целосно е пресликано во програмата РЕАЛНО 2017-2020, која топло им ја препорачуваме на сите политички опоненти како главно четиво за тоа како треба да се ветува, реализира за на крај да се даде отчетност, се вели во контрареакцијата на ВМРО ДПМНЕ како одговор на рекацијата на СДСМ – Охрид на вчерашен прес на кандидатот за пратеник од ИЕ 5 д-р Љубен Арнаудов.
Публицитет.мк