Наши читатели од Велгошти утрово до редакцијава испратија фотки од кои се гледа поплавена улицата која води кон Основното училиште „Живко Чинго“.
-Вака е после секој поголем дожд, откако на прсторот под училиштето се изгради спортската сала ни пишуваат велгоштани. Канализација има, но не и дождовна и некој се „сетил“ и водата од салата да ја пренасочи директно на улица.
Велгоштани бараат овој навидум ситен проблем надлеѓните што побрзо да го решат и прашуваат: Како децата и сите останати да ја преминат улицата, чисти и со суви чевли да одат во училиште или таму каде што тргнале?
Сезоната на поројни дождови и снег е пред нас.
Публицитет.мк