Гоце Попоски, наш читател, вработен во „Охридска банка“
Секоја година со себе носи добри и лоши моменти кои се паметат.
Јас и оваа година се потрудив колку можам да бидам среќен зошто поентата на мојот живот е среќата. Онаа што ја обележи мојата година на професионален план е навреме реализирањето на зададените таргети и успешно затворање на 2015 година.
Приватно сум горд на мојата ќерка која дипломираше и ме направи уште посреќен родител.
Но можам да кажам дека за мене најголем успех е доброто здравје, насмевката на лицето и пријателите. Секогаш споделувајте со најблиските и помагајте, само така ќе бидете успешни во секој поглед.
Ви посакувам среќни Новогодишни и Божиќни празници исполенти со здравје и љубов!
Публицитет.мк