Крсте Голабовски, новинар ТВМ – Охрид
Да се разбериме, 2015-та година сите ке ја паметиме по „бомбите“. Имавме бомбастична година. Секој шо ќе каже поинаку или од на муренка паднал или нека ми напише во инбокс од каде си ги купил наочарите.
Од се она што ни се случуваше през годинава, пред се мислам во државава, на кое што уште не му се наѕира крајот, не можам да објаснам колку сум среќен што јас си најдов „олеснувач“ на којшто и Хан и Ванхојте можат вода да му носат.
„Охридската јоклама“ го подгрева оптимизмот во мене. Еве зошто. Не им ја знам точната бројка на деца, млади луѓе од нашиов Охрид кои поминаа низ јокламата, а со кои верувајте треба да се гордееме. Полни со идеи, знаења, елан, наши амбасадори на сите полиња. .. и сеуште се тука во нашиов град … и срам да ни е ако дозволиме да го напуштат.
Од локални дешавки, пошто сум љубител на прошетките, новата пашечка патека ми прави ќеиф, „Охридско лето“ кое со години и професионално и приватно си го следам и годинава не потфрлија, секогаш на ниво. Исто така, си љубам граѓански иницјативи, ги поздравувам „Охрид СОС“ и „Охрид чист“ и сакам во 2016-та да се уште поактивни. И морам да го спомнам коктелот „Еден бисер“. Убава замисла, за која се надевам ќе стане препознатлив бренд.
Нема да критикувам … ама мораше ли баш палми? smile emoticon
А за дечкиве шо ги цртет идејниве решинија за плаживе…со усул и намалете доживљај, не сме во Абу Даби.
На крај бидете ми здрави и живи. Повеќе на кафе муабет со пријателите во живо со кафе а помалку со селфи по фејсбуциве (ова важит и за мене).
Среќна Нова!
Публицитет.мк