Синоќа на летната сцена „Долни Сарај“ во Охрид започна вториот по ред Интернационален фестивал „Денови на бугарската култура, фолклор и традиција“ во Охрид што ќе трае до 24 јуни.
Фестивалот се одржува со поддршка на Амбасадата на Република Бугарија и госпоѓа Антониа Велева од бугарската амбасада во Скопје. Организатор – домаќин е здружението „Арт Вивенди“ помогнатo и од фондацијата ЖАР -С. и Македонско – бугарско пријателство.
Идејата е да се промовираат традиционалните бугарски народни уметности преку огромните можности на туризмот и медиумите. Основна задача на организаторите е давањето можност за настапи – дружење и запознавање меѓу луѓето, вели еден од организаторите Ѓоко Алоски. претставување на сопствена програма на учесниците.
Учесници во програмата ќе бидат фолклорни ансамбли и фолклорни пејачки и танцови групи, хорови, клубови за народни танци и групи за староградски песни.
Влезот на сцената „Долни Сарај“ е слободен.
Публицитет.мк