Во Скопје во 86 година од животот вечерва почина големиот македонски актер Ацо Јовановски- Снагата.
Ацо Јовановски (роден на 31 декември 1930 во Скопје) е македонски филмски, театарски и телевизиски актер, еден од легендите намакедонската драмска сцена. Тој е од првата генерација на дипломирани актери. Во неговата богата кариера има одиграно 10 до 12 врвни улоги, како во македонските така и во југословенските претстави, филмови.
Филмската кариера ја започнува со улогата во првиот македонски филм „Фросина“ во 1952 година. Според неговите актерски остварувања може да се окарактеризира како актер кој успешно и подеднакво се снаоѓа во толкувањето улоги во комедии, историски драми и филмови со современа тематика. За нив има добиено многу награди: за животно дело, за ролји и еден орден за труд. Тој е единствениот македонски актер, кој заедно со Петре Прличко ја има добиено наградата „Славица“.
Детството, младоста, школувањето и комплетната работа го поминал во Скопје. Роден е во маалото кое тогаш го викале ”Циган Маало”. Татко му бил чиновник, а мајка му домаќинка. Инаку има и шест браќа и сестри. Со големо залагање на неговиот татко успеал да ги одгледа сите. Како дете бил палав. Во детските години тој заедно со своите другари се криеле од родителите и оделе на плажа на Вардар. Тој многу сакал да оди на претстави но тогаш настапила Втора светска војна. Во 1941 година во периодот на војната бугарите дошле и направиле ансамбал од познати бугарски артисти. Тоа било втор ансамбал по квалитет во Царството Бугарија.
По војната, во 1944/45 година се формирал македонски театар, којшто бил многу посетуван од народот како и од Ацо, бидејќи се зборувало на македонски. За тоа Ацо велеше “ Одевме со големо задоволство да гледаме претстави, конечно на својот мајчин јазик “. Тогаш за прв пат ги сретнал Петре Прличко, Тодорче Николовски, Илија Милчин, Марија Бошкова, Илија Џувеликовски…
Некаде во 1948 година излегол конкурс за Глумечка школа каде во конкуренција од околу 40-50 души, го примиле и Ацо. Тогаш го почнал своето тригодишно школување. Во последната година од глумачката школа го ангажирале во првиот македонски филм “Фросина”. По земјотресот во 63 Ацо Јовановски оди во МНТ каде се задржува 13 години, каде станува еден од најдобрите македонски глумци. До пензија во 1995 година тој има одиграно околу 100 премиери во театарот и околу 40 премиери на филм.
Актерски дејности
За прв пат Ацо Јовановски се појавува во филмот “Фросина” каде го игра главниот машки лик Климе, синот на Фросина. Во претставата “Долго патување во ноќта” , го игра Едмонд, во “Пепелашка” го игра главниот лик Принцот, Турчинот во “Манде”, но најважната улога за Ацо е Третљов во “Галеб” на Чехов.
ФИЛМОВИ, ТВ ДРАМИ И СЕРИИ
1952 Фросина
1955 Волчја ноќ
1959 Виза на злото
1961 Мирно лето
1962 Крст Ракоч
1965 Денови на искучение
1967 Македонска крвава свадба
1968 Планината на гневот
1969 Време без војна главна
1970 Цената на градот
1971 Жед
1971 Понижени и навредени
1971 Македонскиот дел од пеколот
1971 Црно семе
1975 Светецот од Слатина
1975 Јад
1975 Сељачка буна 1573
1976 Најдолгиот пат
1976 Морава 76
1977 Сослушување на железничарот
1977 Најдолгиот пат
1980 Учителот
1980 Оловна бригада
1981 Црвениот коњ
1983 Илинден
1983 Црвениот коњ
1984 Јуначко колено
1985 Сомнително лице
1985 На наш начин
1985 Јазол
1986 Трето доба
1986 Обеќана земја
1987 Хај-Фај
1987 Трст виа Скопје
1989 Мугра
1992 Сили во воздухот
1992 Време, живот
1994 Македонска сага
1995 Ангели на отпад
2000 Погрешно време
2000 Глас
2006 Самоглави
Википедија
Публицитет.мк