На 47-годишна возраст во Германија почина охриѓанецот Борис Џепароски.
Џепароски е автор на скулптурата на светецот Свети Наум Охридски што ја донира на манастирот и се наоѓа во кругот на манастирскиот комплекс. Исто така тој е творец и на камената гитара која го краси вечното почивалиште на Тоше Проески.
Борис Џепароски, меѓу охриѓани познат како Борче Џепар, беше самоук уметник кој изработуваше разни уметнички дела од дрво. Тој долги години живееше и работеше во Германија.
Публицитет.мк