Последните стихови на Боуви се збогување од човекот кој знаел дека умира
Стиховите во последната песна која Дејвид Боуви ја објави месец дена пред својата смрт, се збогување од човек кој знаел дека неговиот живот завршува.
“Погледни горе, во рајот сум”, се само некои од стиховите од песната “Lazarus” во која меѓу останатото тој порачува дека нема повеќе ништо што да изгуби и дека наскоро ќе биде слободен како птица.
Само три дена пред смртта на Боуви беше објавено и видеото за таа песна, а во него музичарот се наоѓа во болнички кревет, телото му се тресе под покривката, додека очите му се покриени со завои.
Продуцентот на албумот “Blackstar” денес изјави дека албумот кој Боуви го сними додека се борел со злобната болест е негов подарок за збогум, со кој својата смрт сакал да ја претвори во уметничко дело.
“Отсекогаш го правеше она што го сакаше. А, сакаше ова да го направи на свој начин, на најдобар начин. Неговата смрт не е ништо поинаква од неговиот живот. Го направи “Blackstar” за нас, како подарок за збогум. Година дена знаев дека ова ќе се случи, но не бев подготвен на тоа. Тој беше неверојатен човек, полн со љубов и живот. Секогаш ќе биде со нас. Сега е во ред да плачеме”, додаде Тони Висконти.
Спотот за песната “Lazarus” почнува со излегувањето на Боуви од плакарот во мрачната болница, каде е заробен во грозничава ноќна мора. Набрзо е заробен во болнички кревет, неговото кревко тело се тресе под покривката, а на завоите кои му ги кријат очите се наоѓаат две копчиња.
Потсетување на уште еден негов хит
Публицитет.мк