Ѓорѓе Балашевиќ, легендарниот кантавтор популарен на целиот Балкан, почина денеска во клиничкиот центар Војводина каде што се лекуваше од Ковид19, јави Радио телевизија Србија.
Балашевиќ пред неколку дена беше примен на Инфективната клиника поради воспаление на белите дробови предизвикано од коронавирусот.
Тој е роден во Нови Сад во 1953 година.
Познат по прекарот Панонски морнар, според неговата популарна песна, Балашевиќ кариерата ја почна со групата „Жетва“ и хитот „Во патецот те бакнувам (У раздељак те љубим), продолжи со „Рани мраз“, а 1982 почна соло кариера и стана еден од најпопуларните кантавтори во поранешна Југославија. Автор е на 12 студиски албуми и два снимени во живо. Меѓу хитовите се и „Моја прва љубов“ (Моја прва љубав), „Сметајте на нас“ („Рачунајте на нас“), „Прости ми Катрин“ (Опрости ми Катрин), „Приказна за Васа Ладачки“ (Прича о Васи Ладачком), „Животот е море” (Живот је море).
Легендарна беше и неговата љубовна приказна со сопругата Оља со која беа во брак над 35 години и имаат три деца. Во 2019 имаше срцев удар откако му се слоши на концерт во Крагујевац по што му беа вградени стентови.
Балашевиќ играше и во неколку ТВ серии, а беше автор и на филмска и ТВ музика.
Живот је море, пучина црна
По којој тону многи што броде
Није ми срце плашлјива срна
Ја се не бојим велике воде
Ломе ме вали, носе ме струје
Осека среќе, а туге плима
Шиба ме небо бичем олује
Ал још се не дам и још ме има
У јутра рана плаше ме сенке
Минулих дана
Сеќања мутна као у лажи
Као у сну
Ипак се борим, ипак се надам
Све мање летим, све више падам
И све су јаче те руке што ме вуку дну
*
Можда ќе žена свиленог бедра
Која ме зове и пружа руке
Улити ветар у моја једра
До нове жене, до нове луке
Живот је море
Живот је море
Живот је море