Во Белград на 90 годишна возраст почина пеaчката ѕвезда Ѓорѓе Марјановиќ.
Како што јави РТС познатиот пејач ја изгуби битката со короната. Бил поврзан на апарати за дишење, а лекарите се бореле за неговиот живот во изминатите денови.
Роден е во Кучеву 1931 г. Најпопуларен беше од 1960 до осумдесеттите од минатиот 20 век на просторот на цела некогашна Југославија. Подеднакво беше успешен и омилен на фестивалите и на турнеите меѓу публиката. Беше мега популарен во Русија и зад себе ги има сите можни музички награди.
Ѓорѓе Марјановиќ го нарекуваат легендата на шансоните и зад себе остави песни кои и новите генерации ќе ги потпевнуваат и обработуваат. Меѓу нив и “Звиждук у осам“, “Милорд“ и “Никад није касно“…
Публицитет.мк