• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Почина Иван Митевски – Копола, доајен на телевизиска режија

септември 29, 2015
in Култура

Замина тивко без никој да го чуе, што не е својствено за неговиот живот исполнет со светлините на медиумот. Неговите филмови ја скенираа човековата душа. Болката и осаменоста, но и љубовта и разбирањето. Беше предводник на познатата скопска телевизиска документарна школа.

 

 

Си замина нашиот Копола. Во рана есен, годишното доба кое најмногу го сакаше, зашто боите на есента се вселенски и филмски. Замина тивко без никој да го чуе, што не е својствено за неговиот живот исполнет со светлините на медиумот.

Доајенот на телевизиската играна и документарна програма ги направи филмовите „Време на летала“, „Заминување од Пасквелија“, „Трето доба“, „Децата на светот“, „Црвениот трендафил на Скопје“. Направи и стотици документарци и ги освои бројните признанија низ светот, а документарецот „Глас“ влезе во банката на податоци на УНЕСКО. Неговите колеги велат- споменот за него се неговите дела- беше скромен и мил, бескрајно интересен и духовит човек.

„Иван Митевски-Копола всушнот е брендот- синоним за она што се нарекува континуитет и цврста основа на игрантата и документарната програма во МРТ“, вели режисерот Аљоша Симјановски.

„Извонреден професионалец, грижлив родител, извонредно интересен по својот филмски опус. Неговата смрт е огромна загуба за целото македонско гледалиште, за Македонската телевизија“, вели Кирил Тренчевски- раководител на одделение за планирање.

Неговите филмови ја скенираа човековата душа. Болката и осаменоста, но и љубовта и разбирањето. Беше предводник на познатата скопска телевизиска документарна школа. Ги препознаваше младите телевизиски таленти и ги воведуваше во еснафот. Беше близок соработник на најистакнатите дејци во Македонската телевизија. Заминувањето е миг, остануваат делата. Патувај мирно и спокојно Копола.

Извор: МРТ 

Посетеност: 109
Share
Previous Post

МНОГУ ТАЈНИ ЗА МАЛИТЕ СОБИ – Како се градеше Студентскиот дом „Гоце Делчев“?

Next Post

Во спомен на нашиот Иван Митевски – Копола – неговиот ТВ филм „Време на летала“ .

Next Post

Во спомен на нашиот Иван Митевски – Копола – неговиот ТВ филм „Време на летала“ .

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 109

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk