• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Почина Јон Карамитру, балканска театарска легенда

септември 6, 2021
in Култура
Почина Јон Карамитру, балканска театарска легенда

Синоќа во Букурешт,по кратко боледување, почина Јон Карамитру (79), балканската театарска легенда, прв министер за култура на Романија по падот на Чаушеску, соопшти Светската академија на хуманизмот од Охрид.

Неговата исклучително богата театарска и филмска биографија, како актер и режисер, ќе остане во аналите на европеизацијата на Балканот, бидејќи на негова иницијатива беше формирана театарската мрежа НЕТА, во непосредна соработка со поранешниот министер за култура на Македонија Благој Стефановски и поранешниот министер за култура на Црна Гора, Бранислав Мичуновиќ – Жага.

По крвавите војни на просторите на бивша Југославија, во НЕТА влегоа 67 професионални театри, не само од Југославија, туку од сите балкански земји, остварувајќи го сонот дека „Балканот е срцето на Европа“.

Неговата поврзаност со Македонија остави неизбришливи траги со неговите режисерски креации во Народниот театар во Битола и поголем број претстави на “Охридско лето”.

Тој претседаваше со симпозиумот „Хамлет во историјата на Европа и на Балканот“, кога во  Скопје ги собра сите големи актери од Балканот што го играле Хамлет и непосредно по тој настан беше прогласен за  Doctor Honoris Causa на универзитетот Еуропа Прима.

Покрај тоа, Карамитру го понесе и признанието за животно дело „Актер на Европа“ во Преспа 2016, а на Фестивалите на Југоисточна во Париз и во Берлин, истата година беше прогласен за „Актер на Југоисточна Европа“.

Неговата балканофилија и приврзаноста кон единството на Европа беше крунисана на 29 Октомври 2017 година, во Националниот театар на Романија во Букурешт, кадешто тој беше долгогодишен директор, беше формирана Академија БАЛКАНИКА ЕУРОПЕАНА (http://www.ab-europeana.org ) која собра триесеттина врвни уметници од десет балкански земји и која оствари голем број на проекти, афирмирајќи ја балканската култура во европските центри, посебно низ веб-ревијата „Мостови“ (The Bridge) (https://bridge-magazine.net).(Крај)

Веле Митаноски, портпарол на Светската академија на хуманизмот

Публицитет.мк 

 

Посетеност: 84
Share
Previous Post

Во Охрид изминативе 24 часа нема заразени од корона, но има еден починат

Next Post

Во Трпејца заврши традиционалната Меѓународна уметничка колонија

Next Post
Во Трпејца заврши традиционалната Меѓународна уметничка колонија

Во Трпејца заврши традиционалната Меѓународна уметничка колонија

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 84

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk