• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, август 27, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

Почина Коста Хаџи Антоновски идејниот творец на Малиот битолски Монмартр

март 13, 2021
in Во светот на уметноста
Почина Коста Хаџи Антоновски идејниот творец на Малиот битолски Монмартр

Денес во Битола, на 86 годишна возраст почина Коста Хаџи Антоновски, идејниот творец и основачот на Детското ликовно студио “Св. Кирил и Методиј“ или Малиот битолски Монмартр,  Во Охгрид ќе остане запаметен по Ликовниот карван со деца од целиот свет организиран во рамките на Малиот битолски Момартр со децении наназад. 

Коста Хаџи Антоновски беше познат и признат ликовен уметник и педагог кој едуцирал многу млади ликовни таленти, а некои денес се врвни ликовни сликари. Иницијатор и организатор на многубројни културни настани во Битола. Битолчани ќе го паметат по многу поводи, педагог, културен работник, голем почитувач на децата, но најповеќе по неговата работа и угледот кој тој го направи на Малиот битолско Монмартр, по свечените отворања во Чаршијата, по коледарскиот оган, а најмногу кога во иднина ќе видат дечиња од цел свет како цртаат низ Битола, со препознатливите штафелаи и отворени бои.

Коста Хаџи Антоновски е добитник на многубројни награди и признанија од земјата и странство, како и на наградата за животно дело на Општина Битола.

Коста Хаџи Антоновски и Детското ликовно студио “Кирил и Методој“  ја ставија Битола  на мапата на ликовните уметници ширум светот, а Малиот битолски монмартр, кој се организираше на Денот на нивниот патрон, Св. Кирил и Меродиј,  беше настан каде едвај чекаа да дојдат деца ликовни творци од сите страни на светот.

Извор: Битола њуз и Публицитет.мк 

 

Посетеност: 86
Share
Previous Post

Дали знаевете дека …

Next Post

За 24 часа над 1000 нови случаи со корна

Next Post
За 24 часа над 1000 нови случаи со корна

За 24 часа над 1000 нови случаи со корна

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 86

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk