На веста за смртта на Леонард Коен, канадскaта поетскa легенда:
ТАНЦУВАЈ СО МЕНЕ ДО КРАЈОТ НА ЉУБОВТА
Води ме со танц до твојата убавина со виолина страствена
Води ме со танц низ паниката додека не шмугнам безбедно
Крени ме како маслиново гранче и биди моја галабица која ќе ми го покаже патот
Води ме со танц до крајот на љубовта
Води ме со танц до крајот на љубовта
Ох пушти ме насамо да ја видам твојата убавина
Дај ми да почувствувам како се движиш како што тоа гонправеле во Вавилон
Нежно покажи ми го она чиишто граници само јас ги знам
Води ме со танц до крајот на љубовта
Води ме со танц до крајот на љубовта
Води ме со танц до венчавка, танцувај со мене без престан
Танцувај со мене мошне нежно и танцувај со мене мошне долго
Ние двајцата вредиме помалку од нашата љубов, ни двајцата сме повеќе од тоа
Води ме со танц до крајот на љубовта
Води ме со танц до крајот на љубовта
Води ме со танц до децата кои бараат да се родат
Води ме со танц низ завесите преку кои минуваат нашите бакнежи
Намести сега шатор за склониште, иако пукна секоја врска
Води ме со танц до крајот на љубовта
Води ме со танц до твојата убавина со виолина страствена
Води ме со танц низ паниката додека не шмугнам безбедно
Води ме со танц до убавината
Води ме со танц низ паниката додека не шмугнам безбедно
Допри ме со твојатабгола рака и допри ме со твојата ракавица
Води ме со танц донкрајот на љубовта
Води ме со танц донкрајот на љубовта
Води ме со танц донкрајот на љубовта
Избор: Ристо Лазаров