Познатата југословенска и српска пејачка Зорана Лола Новаковиќ умре во 81 година од животот. Родена е во Белград на 25 април 1935 година.
Посебно популарна била во текот на 60 и 70 години од минатиот век . Како претставничка на Југославија во 1962 година со композицијата „ Не пали светла во самракот“ го освоила 4 место на „Песна на Евровизија“.
Лола официјално својата кариера ја започнала 1957 кога е примена во Радио Белград како постојана вокална солистка и истата година со забележителен успех ги бранела државните бои на саемот во Лајпциг. Тогаш ја снимила првата плоча за дискографската куќа ДЕКА со песната „Алиса во земјата на чудата“ и кубанскиот хит „Бабали“ на шпански јазик.
Лола била првиот естраден уметник од Југославија која во 1960 година гостувала во Русија.
Учествувавала и во телевизиската емисија „На буква, на буква“ .
Со мажењето за естрадниот уметник Драган Антиќ , тоа и бил втор брак, Лола со години била мета на домашниот жолт печат . Уморна од новинарските патки со кои ја прогласиле за таен агент нa ЦИА , а и објавата дека е во некој руски затвор, таа се повлекува од уметничкиот живот.
Од 2000 година таа била постојан член на Позориште на Теразијама,учествува во емисиите на Раде Марјановиќ „Добри стари времиња“ . По разни радио – телевизиски студија постојат околу 500 тонски записи со нејзините песни издадени на околу 50 албуми.
Публицитет.мк