По подолго боледување и борба со ракот, текстописецот Марина Туцаковиќ ја загуби битката и почина во 67-мата година од животот. Последните денови се бореше со гушење и Ковид -19 . Таа замина во вечноста ќе останат нејзините познати стихови отпеани од најпознатите интерпретатори од некогашните ЈУ простори.
Марина ја започна својата кариера соработувајќи со групата Зана, за која напиша бројни хитови, а веројатно најголемиот е „Допри ми ги колената“.
Таа има соработувано и е одговорна за успешните кариери на многу локални личности како Цеца, Оливер Мандиќ, Драгана Мирковиќ, Јелена Карлеуша, Лепа Брена, Весна Змијанац, Здравко Чолиќ, Тоше Проески, Маја Оџаклиеска,Северина, Нина Бадриќ, Џеј, Жељко Самарџиќ, Аца Лукас, Ана Николиќ, Наташа Беквалац, Жељко Јоксимовиќ, Неда Украден, Слаѓана Милошевиќ, Харис Џиновиќ …
Публицитет.мк