• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Почина писателот Атанас Вангелов

октомври 24, 2021
in Култура
Почина писателот Атанас Вангелов

По тешко боледување денес почина Атанас Вангелов, писател, универзитетски професор, теоретичар и лингвист, преведувач, полемичар. Со својата богата дејност во литературната сфера се профилираше како врвен познавач на структуралистичкиот метод, како прецизен критичар-валоризатор на современата книжевна продукција, како остар и аргументиран полемичар и како автентичен творец во неколку книжевни жанрови.  

            Роден е на 6 февруари 1946 година во Богданци. Член е на ДПМ од 1967 година.

            Атанас Вангелов е автор на десетина поетски книги (од кои три се наградени со престижните награди: „Млад борец“, „Браќа Миладиновци“ и „Григор Прличев“). Неговиот поетски опус го сочинуваат збирките: Земјата на цветот (1966), Препев на планината (1970), Живеалиште (1974), Глетки и привиденија (1977), Преданија (1978), Строго доверливо (1985), Траги (1991), На безгласје глас (поема, 1994), Водопад (1998), Изучување на молкот (2008). Автор е и на романот Див занес (2001), како и на драмските текстови:  Мистер Порфирие (1971), Неодредени лични заменки (1986).

            Централно место во неговото творештво заземаат теоретските, критичките и полемички студии, меѓу кои се издвојуваат: Литературни студии (1978), Артизмот и современата македонска поезија (1978), Решето (1985), Семантичките фигури во македонската народна лирика (1987), Преписите на Божин Павловски (1992),  Микрочитања (1993), Исказот и стварноста (1995), Морфологија на бо(љ)шевизмот (1998), Про ет контра – македонизми (1998), Маките на Моцарт од Жван (2007), Деспот Караѓоз (2010). Вангелов е еден од најдобрите познавачи и толкувачи на делото на Блаже Конески, што се потврди со објавата на неговите најнови филолошки студии: Лирската биографија на Конески (2020) и Филолошката критика на Конески (2021), кои требаше да бидат заокружени и со трета книга која, за жал, останува во работна верзија, како последен ракопис на кој работел Вангелов. Важноста на првата книга од оваа трилогија беше верификувана и со доделувањето на наградата „Димитар Митрев“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2020 година.

            Вангелов беше и значаен преведувач од француски јазик: Цветан Тодоров, Поетика (1990), Дикро/Тодоров: Енциклопедиски речник на науките за јазикот I-II (1994), Група автори: Теорија на прозата (1996). Меѓу преведените наслови е и драмата Праведници од нобеловецот Албер Ками за кој во 2021 година Атанас Вангелов ја доби наградата за најдобар превод од Европската мрежа за драма и превод „Еуродрам“ од Париз.

            Покрај веќе посочените награди, добитник е и на наградите: „Божидар Настев“ (Поетика), „Златно перо“ (Енциклопедиски речник на науките за јазикот), „Григор Прличев“ (На безгласје глас), а оваа година му беше доделена наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката и образованието.

            Со загубата на Атанас Вангелов македонската книжевност губи еден од најверзираните и најостри критичари и проследувачи на книжевната продукција кај нас, и во историска перспектива, и во однос на современата книжевност од најнов датум.

Публицитет.мк 

 

           

Посетеност: 58
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Александар Глигуроски

Next Post

227 нови и 111 оздравени од Ковид -19

Next Post
227 нови и 111 оздравени од Ковид -19

227 нови и 111 оздравени од Ковид -19

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 58

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk