Си отиде од овој свет и писателот Василе Димески Василе Димески, професор по македонски јазик и член на ДПМ. Отиде отаде вечноста, за на ангелите да им раскаже некој збор, да им успее некој стих. Имам малку, но убави спомени од дружбите со него. Слава му!, напиша доцна вечерва на својот ФБ профил младиот поет Филип Димкоски од Прилеп.
Василе Димески е роден во 1946 година во Прилеп.Средно образование завршува во родниот град,а Филозофски факултет,група,историја на југословенските книжевности во Скопје.Автор е на следните поетски книги:”Бакарни ѕвона”,1982;”Изместена земја”,1999;”Сеопшта песна”,1999/2001;”Тука запира се”2001;”Аксиј се’ уште тече”,поема,2003;”Градови паѓаат за тебе”,2007;”Немаше град”,2009;”Дрво што оди”,2009;”Не е ноќ дури те памтам”,2010;”Татко мој,татко мој”;2011;”Прикрепи ми ја ракава мајко”,2012;”Седмиот ден”,поема,2014;”Ноќва душава си ја изедов”,поема,2017.
Драмски книги:
“Квадратура на кругот”-три драмски текстови;”Кожа”,”Молчење”,Тга за југ”,1989;”Војводата од пусто турско”-драма,1990;”Кокошарник”,”Зад пеколот порти”1991;”Крвавиот ангел”-три драмски текстови;”Страданијата за Зазо Кулибан”;”Да Госпоѓо Фирер” и “Враќањето на Зазо Кулибан”2000. Полемика:”Мојата пресметка со нив”
Публицитет.мк