Денеска во Белград по долга борба со ракот на белите дробови во 73 година од животот почина пеачката на народна музика Уснија Реџепова.
Уснија Реџепова е родена во Скопје на 8 август 1943 година. Кариерата ја изгради пеејќи песни од Врање и околината а цели две и по децении ја играше Коштана на сцената на Народно позориште во Белград.
Беше омажена за хармоникашот Светомир Шешиќ – Шеле со кого и најчесто настапуваше се до неговата смрт пред две години
Реџепова остави зад себе бројни хитови кои ќе се слушаат и натаму: Казуј крчмо, џеримо, Због тебе, мори Лено, Расуле се косе моје, Од Ниша до Врања, Ја са југа, ти са севера, Животе мој…
Често на нејзиниот репертоар беа и песни од нејзината Македонија.
На сајтот на РТС стои дека Реџепова ќе биде погребана во родното Скопје.
Публицитет.мк