• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Почина сликарот Глигор Чемерски

април 2, 2016
in Култура

Рано утрово во Скопје почина академик Глигор Чемерски, еден од најзначајните современи македонски уметници. Тој е сликар, графичар и мозаичар. Остварил повеќе монументални дела во Скопје, Вруток, Кавадарци и во Кочани, каде што Споменикот на слободата има мозаични фризови од 320 квадратни метри.

 

Имаше 76 години.

Во март 2014, Чемерски во Москва беше инаугуриран за почесен член во Руската академија на уметностите, една година откако стана член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Изложбата на слики со која се претстави во Москва „Скопје – Москва- Скопје: Настани и знаци на земјата МАКЕДОНСКА“, лани беше поставена и во МАНУ и тоа беше неговата последна поставка.

Чемерски се смета за уметник „што ја создаде живата Византија во Македонија, човек што создава декоративен космос и оперира низ столетијата“. Во своето портфолио има повеќе од 60 самостојни изложби ширум светот.

Споменикот на слободата во Кочани со мозаици на Глигор Чемерски

Роден е во 1940 година во Кавадарци. Се образувал во Скопје, Белград и во Париз: Академија за ликовна уметност и постдипломски студии завршил во Белград во 1965 година, а како стипендист на француската влада во 1969-1970 година престојува во Париз. Оттогаш често престојува и работи во Париз. Последните години е еден од постојаните сликари на Galerie du Fleuve во Париз. Од 1959 година до крајот на шеесеттите години интензивно се занимава и со ликовна есеистика како еден од застапниците на уметничката слобода и интелектуалната победа на повоената модерна. Антологиски есеј му е „Жива Византија“, 1977 година. Други студиски престои: Египет, Грција, Италија, Шведска, САД.

Ѓорѓи и ламјата

Од 1962 година, кога првпат самостојно изложува во Скопје, следуваат триесетина индивидуални изложби во Охрид, Струмица, Кавадарци, Белград, Загреб, Будва, Александрија, Париз, Хаг, Вашингтон, Вилмингтон, Феетвил. Македонското и југословенското сликарство во периодот до 1991 година ги претставувал во Белград, Загреб, Сараево, Љубљана, Дубровник, Пореч, Париз, Рим, Александрија, Истанбул, Софија, Прага, Грац, Букурешт, Москва, Мадрид, Копенхаген, Мексико Сити, Њујорк, Хаг, Даблин, Белфаст, Глазгов… За своето сликарско творештво добил голем број најзначајни признанија и награди од кои последната е Гран при на третиот „Зимски салон“ во Скопје, 1994 година.

Извор: sdk.com.mk

Посетеност: 145
Share
Previous Post

Шекеринска во Охрид : СДСМ ќе обезбеди 140 милиони евра поддршка за домашните мали и средни претпријатија

Next Post

Груевски не се видел со Ахмети, но смета дека владината коалиција со ДУИ и натаму функционира

Next Post

Груевски не се видел со Ахмети, но смета дека владината коалиција со ДУИ и натаму функционира

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 145

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk