• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Почнува „Месец на кошарката“ во Охрид

август 6, 2015
in Актуелно
 
ЈП Билјанини Извори со задоволство ги известува сите граѓани на Охрид, посетители, гости, сите љубители на кошарката и спортот дека од утре 07. 08 ( петок ) започнува долго очекуваниот месец на кошарката во градот Охрид. Месецот на кошарката започнува со подготвителниот  репрезентативно- сениорски кошаркарски турнир, на кој покрај македонската репрезентација ќе учествуваат и соодветните репрезентации на Израел и Украина. Натпреварите на турнирот ќе се одиграат во вечерните часови со почеток од 20:15, и тоа петок ( 07. 08 ) Македонија и Израел, сабота ( 08. 08 ) Израел и Украина и недела ( 09.08 ) силите ќе ги одмерат репрезентациите на Македонија и Украина. Натпреварите ќе се одржат во Спортската Арена Билјанини Извори, влезот за еден натпревар изнесува 100 денари. 

Месецот на кошарката покрај кошаркарскиот турнир ќе содржи и уште два настани, настани кои имаат за цел промоција и афирмација на кошарката како врвен спорт и промоција и афирмација на спортски Охрид и Република Македонија во светот на спортот и кошарката. Првиот настан е поврзан со промотивните активности на државата домаќин на престојното сениорско европско првенство во кошарка, Полска, додека вториот настан е дел од стратегијата за Европски спортски Охрид одржувањето на Европското првенство за кадети жени во кошарка Б дивизија.

ЈП Билјанини Извори како долгогодишен партнер на спортот и кошарката, а имајќи го во предвид јавниот интерес на граѓаните на Охрид ( промовирање на спортскиот развој кај помладата популација и развојот на спортскиот туризам ) активно коорганизациски се вклучува во реализација на сите предвидени настани во месецот на кошарката во Охрид. 

ЈП Билјанини Извори за сите преостанати активности поврзани со месецот на кошарката во Охрид редовно навремено ќе ја информира јавноста така што ние, граѓаните на Охрид, сите гости во Охрид ќе имаме исклучителна можност сите заедно да го подигнеме Охрид на пиедесталот како нај кошаркарски град во Европа во престојниот период.

 

Посетеност: 148
Share
Previous Post

Зошто во Кинезите јадат со стапчиња?

Next Post

СВР – Охрид заплени рибарски мрежи и поголема количина риба

Next Post

СВР - Охрид заплени рибарски мрежи и поголема количина риба

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 148

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk