• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, јули 11, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Почнува неделата посветена на јубилејот „90 години музеј Д-р Никола Незлобински“

ноември 26, 2018
in Омнубус
Почнува неделата посветена на јубилејот „90 години музеј Д-р Никола Незлобински“

Со неколку изложби, научни излагања и промоција на фотомонографија, во Струга деновиве, ќе се одбележува неделата посветена на јубилејот – 90 години од основањето на Музејот  „Др. Никола Незлобински“ .

 Програмата започнува на 27, ноември (вторник) во 13.00 со историско документаристичка изложба „Русите во Македонија“ во соработка со Државен архив на РМ.  За изложбата со свое излагање  ќе се обратат претставници од руската  амбасада, како и претставник од државниот архив. Изложбата ќе се оддржи во Галерија „Ванѓел Коџоман“.

likovna 19 3

„Во допир со минатото“ е насловена ареолошката поставка, каде ќе бидат изложени предмети од археолошки локалитети од струшкиот регион: локалитет „Св.Илија“,  Делогожда; Локалитет „Голача“, с.Ташмаруништа;  Подводен локалитет „Врбник“ Струга; локалитет „Куќа на Караѓуле“. Изложбата ќе биде поставена во изложбениот простор при административната зграда на музејот, на 28.11 (среда) во 12.00, а ќе ја отвори Академик проф.др. Вера Битракова Грозданова.

 

mozaik copy

Дејноста на Д-р Никола Незлобински, музејот ќе ја чествува со прикажување на дигитализирани фотографии од целосната фото збирка на стаклени негативи, оставштина од Незлобински и неговиот тим на соработници.  Оваа збирка е исклучителен документ за Струга и Струшко во минатото,  како и сведоштво за сестраната пасија на рускиот научник, да ги забележи, истражува, запомне,  биолошкиот и социјалниот свет на регионот, на почетоците од дваесеттиот век.  Изложбата ќе биде поставена во зградата на природонаучната збирка, на 30ти ноември, во 13.00, а истиот ден, во 13.30 ќе биде промовирана и книгата „Фотомонографија од збирката на стаклени негативи на Д-р Никола Незлобински“, во „Спомен дом на Браќа Миладиновци“.  Промотор на фотомонографијата е Д-р Елеонора Петрова Митевска, директор на Управа за заштита на културно наследство. 

 

ptica copy

Со неделата посветена на јубилејот, НУМ „Никола Незлобински“ се приклучува кон прославувањето на  Европската година на културно наследство.

За значењето и основањето на музејот   

Во далечната 1928, рускиот емигрант, воен доктор, еден од  протераните белогардејци, Др Никола Незлобински, заедно со сопругата Софија и тим од соработници е упатен во Струга, за да му помогне на населението да се справи со маларијата, болест која зазема епидемични размери во овој регион.  Покрај големиот придонес за подобрувањето на здравјето на населението, но и подобрувањето на животните услови со дренирањето на Струшкото блато,  Д-р Никола Незлобински во нашата јавност, ќе остане запаметен по оставштината на импресивна збирка, која сведочи за богатството и разновидноста на живиот свет во и околу регионот на Охридското Езеро. 

muzej struga

Во 1938, Незлобински повел иницијатива за отварање на засебна зграда каде ќе бидат изложени препарирани животни присутни во поднебјето.  Зградата со ангажман и на населението идната година била завршена.  Со ова Незлобински  ги поставува основите на првиот природонаучен тематски музеј и воопшто темелите на музеологијата во Македонија. Денес, музејот се наоѓа во истата зграда, а експонатите сеуште пленат со својата афтентичност. Многу од видовите, исчезнале после пресушувањето на блатото, но за богатстовто на регионот сведочат   околу  8000 примероци ( 6000 од нив, инсекти и пеперутки), кои можат да се погледнат во природонаучната поставка. Денес во музејот, покрај биолошкото одделение, функционираат и археолошко одделение, одделение за етнологија, одделение за историја  и одделение за историја на уметност.

Публицитет.мк 

Посетеност: 54
Share
Previous Post

Дотур на роба во чаршијата само со мали возила се’ додека е новогодишниот декор

Next Post

Вработените во охридските училишта ја зедоа платата за октомври

Next Post
Вработените во охридските училишта ја зедоа платата за октомври

Вработените во охридските училишта ја зедоа платата за октомври

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 54

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk