По повод 10 години од формирањето на подмладокот на ансамблот „Билјана“, овој музички состав што го негува староградскиот мелос ќе одржи јубилеен концерт.
Концертот ќе се одржи на 6 септември во Предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 20 часот.
Гости на вечерта ќе бидат музичарите Горан Папаз, Емилија Колоска, Мартина Костова и групата „Камелеон“.
Влезот за посетителите и љубителите на македонската музика ќе биде бесплатен.
Публицитет.мк