• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Подобрено водоснабдувањето на крајбрежните села и населби

јули 29, 2021
in Тикер
Подобрено водоснабдувањето на крајбрежните села и населби

Градоначалникот Константин Георгиески заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, вчера направија увид на пумпните станици „Љубаништа“, „Црн Дрим – Св. Наум“ и „Трпејца“ кои беа комплетно реконструирани.

Целта на оваа инвестиција е да се обезбеди поквалитетно, навремено, економично и енергетски ефикасно водоснабдување на жителите од крајбрежните села и населби, како и да се подобрат условите за сместувачките капацитети, кои гравитираат на овој дел од брегот на Охридското Езеро.

Вкупната вредност на реконструкцијата на трите водоводни постројки изнесува 4.120.000 денари, а средствата се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во соработка со Општина Охрид и ЈП „Водовод“.

Покрај поставувањето на новите пумпи, извршена е и целосна замена на електричната и водоводна инсталација во објектите. Реконструкцијата е извршена согласно стандардите и одобренијата за водоснабдување. Според пресметките, со замена на пумпите, ќе се остваруваат големи годишни заштети за потрошена електрична енергија и значително ќе се намалат трошоците за редовно одржување.

Trpejca Pumpi 07282021001 768x511

Исто така, со средства одобрени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во износ од околу 7 милиони денари, Општина Охрид започна со изработка на Урбанистички планови за охридските села: Велгошти, Горно Лакочереј, Орман, Вапила, Љубаништа, Трпејца, Косел, Рамне, Сирула, Елшани, Лескоец, Опеница, Куратица, Лагадин, Долно Коњско, Долно Лакочереј, Подмоље и Горно Коњско. Со урбанистичкото планирање на руралните населени места се овозможува унапредување на условите за живеење и развој на туризмот.

Градоначалникот Георгиески заедно и директорот Бачовски разговараа и за идните можности за соработка на нови заеднички проекти, кои се од големо значење за населeните места во Охридскиот регион.

Публицитет.мк

 

Посетеност: 54
Share
Previous Post

Заврши јубилејното „На зајдисонце“ во Трпејца

Next Post

Вечерва на Антички во Охрид концерт на Тамара

Next Post
Вечерва на Антички во Охрид концерт на Тамара

Вечерва на Антички во Охрид концерт на Тамара

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 54

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk