Охридскиот поет Тоде Илиевски, единствен од нашата земја, застапен е, со 5 песни, во италијанската, реномирана „ANTOLOGIA DI POETI CONTEMPORANEI DEI BALKANI“ – “ПЕСНИ ОД БАЛКАНОТ”.
Антологијата, како природно продолжение на проектот “Културни дијалози од Балканот”, ја осмисли и имплементира професорот Паоло М. Роко, заедно со еден од најзначајните книжевни автори од Босна и Херцеговина, сарајлијата роден во Зеница, Емир Соколовиќ.
Целта на проектот да се прикаже богатата културна разноликост и реалност од Западниот Балкан
Како покровител на ова значајно издание се јавува италијанската амбасада во Сараево.
Изданието е веќе промовирано во Италија, во Фан и Пезаро, додека на овие простори, му претстои промоција на престојниот Меѓународен книжевен фестивал “Перо Живодраг -Живковиќ”, во организација на Книжевното здружение “Армагедон” од Зеница, Босна и Херцеговина.
Публицитет.мк