• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јуни 26, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Поезијата на академик Матеја Матевски – за минливоста на животот

јули 23, 2015
in Во потрага по трајната убавина
 
Езеро
 
 
По години и сништа многу
повторно се вратив
на езерово
со слатки води
залутано во скутот на ридовитеДијамантот на сонцето
уште длабиНе камен на неговото дно
ни трева грло што си крие
под брановите
ни птица грабеж див што носи

Око сум само око на сонцето
што му ги ниша водите
стари

О оставете ме крај ова езеро
оставете ме крај езерово
крај горчливово
оставете ме мртов

 
 Ѕвона
 
 
 
            Некаде ѕвони. Некаде далеку ѕвони.
 
            звуците се бранови на ветрот
 
            низ тревите подгонети.
 
 
 
            Некаде ѕвони. Продолжително и нежно.
 
            Глуво е сè. Сал ритамот
 
            плиска по брегот на железото.
 
 
 
            Некаде ѕвони. Шибни ме високо и бездно
 
            Бегајте низ кафезот звучен
 
            глуво и безнадежно.
 
 
 
            Некаде ѕвони. Малечок ѕвонам и врискам.
 
            Сè е затворено. Опчинет
 
            за звуците сум виснал.
 
 
 
            Некаде ѕвони. Удри ме. Колку сум храбар а питом.
 
            Време, удри и ти по споменот
 
            грубо и незаситно.
 
 
 
            Некаде ѕвони. Премногу дамна и сега.
 
            Сè боли, небо. По тревата
 
            на звуците познати легни ме.
 
 
           

Залез

 
 
Румено. Румено. Румено.Како занесена песна
во синото море
на горите
тоне
залезот.Од тревите до кавалот
од стадото до облакот
сè е бујно
запалено.

Од градите до песната
од чекорот до чешмата
сè е чудно
разгалено.

Стадо в кавал заљубено
ѕвоно в песна изгубено
око в божур залудено

Румено. Румено. Румено.

             

 
 
Матеја Матевски е роден во Истанбул, 1929 година. Детството го поминал во Гостивар, а студирал во Белград и Скопје, каде завршил Филозофски факултет. Прво работел како наставник по македонски јазик, а потоа како новинар во Радио Скопје. Бил генерален директор на Радио-телевизија – Скопје.
 
Од 1956 година е член на Друштвото на писателите на Македонија и одреден период ја вршел функцијата негов претседател. Матевски е член на МАНУ каде бил претседател во периодот 2001 – 2004 година.
Во  2011 година  на јубилејните 50 Струшки вечери на поезијата нему му беше доделен Златниот венец.
 
Ги напишал збирките песни: „Дождови“(1956), „Рамноденица“(1963),„Перуника“(1976), „Круг“(1977),
„Липа“(1980), „Раѓање на трагедијата“(1985), „Оддалечување“ (1990), „Црна кула“ (1992), „Завевање“ (1996), „Мртвица“ (1999), „Внатрешен предел“ (2000),
ИЗБОР ПЕСНИ – „Заминување на светулката“ .
 
 
Поетско творештво
Творештвото на Матеја Матевски од првата стихозбирка „Дождови“, па до последната
„Внатрешен предел“ е проткаена со немирот што го чусвтвува поетот заради оддалечувањето на човекот од природата, од неговиот искон. Колку повеќе се оддалечуваме од природата, толку повеќе стануваме несвои, опфатени од злото, загубени. Можеби единствениот излез од неспокојот тој го наоѓа во враќање во минатото, во детството, во невиноста на младоста, во сеќавањата кога цивилизациското зло сè уште не го опфатило. Стремежот во  неговата поезија е враќање кон природата, кон детството. Градот, асфалтот, висококатниците, тој сака да ги замени со зеленилото, мирот и спокојот што го нуди природата и човекот повторно да го поврзе со неа.
 
Публицитет.мк 
Посетеност: 168
Share
Previous Post

Помали казни за фирмите

Next Post

Дали стареењето е болест?

Next Post

Дали стареењето е болест?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 168

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk